21.04.2013, 13:49 Најмалку 203 луѓе загинаа во земјотресот во Кина
Најмалку 203 лица загинаа, а повеќе од 11.000 се повредени во земјотресот во кинеската провинција Сечуан, покажуваат денеска објавените официјални податоци, цитирани од ДПА.
Спасувачките екипи се обидуваат да стигнат до оддалечените зони што се изолирани од свлечишта, по вчерашниот земјотрес со магнитуда од 6,6 степени според Рихетеровата скала, прецизира кинеската официјална агенција Ксинхуа.
Земјотресот предизвика штети речиси на сите домови во реонот Баоксинг, чие население брои 58.000 лица. Оштетени се дури и зградите, изградени по земјотресот со магнитуда од 8 степени од 1980 година, кога загинаа 70.000 лица, забележува ДПА.
Премиерот Ли Кечијанг го посети реонот, настрадан од природната несреќа, за да провери како се одвиваат работите на отстранување на штетите.
Многу Кинези, кои живеат во зоната на земјотресот, ноќта ја минаа под отворено небо, без храна, вода, облека и шатори, пред се од страв да се вратат во своите оштетени домови, од каде не можеа да си ги земат неопходните нешта, заради постојаните вторични потреси, дополнува ДПА.
|