Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
19.04.2013, 11:25

Инвеститорите од Азербејџан добродојдени во Македонија

На првата средба меѓу премиерот Груевски и претседателот на Азербејџан Алиев беа поздравени одличните пријателски односи меѓу двете земји

Премиерот Никола Груевски денеска во Баку имаше прва официјална средба со претседателот на Република Азербејџан Илхам Алиев, на која ги поздравиле одличните пријателски односи меѓу двете земји на секое ниво и искажале подготвеност за нивно дополнително интензивирање.

Прес-службата на Владата на РМ информира дека од премиерот Груевски посебно била нагласена потребата за продлабочување на економската соработка поради фактот што Азербејџан е ед��а од најбрзорастечките економии во каспискиот регион, чиј раст се движеше од околу 20 отсто и продолжи дури и во период на светската криза и во моментов е околу 7 отсто.

Соговорниците разговарале за можностите за унапредување на соработката, особено во енергетската сфера која е од исклучително значење за Азербејџан и е важен фактор во каспискиот регион. Во врска со тоа, Груевски бил информиран за крупните проекти од глобално значење кои ги развива Азербејџан, како што се ТАБ и НАБУКО.

- Претседателот на Владата истакна дека Република Македонија придава високо значење на развојот на економските односи со Азербејџан, кој според својата геостратешка позиција претставува неодминлив центар за промоција на стопанските потенцијали на Република Македонија во тој дел на светот, особено земајќи ги предвид природните ресурси, како што се, нафта и земен гас, минерали, метали..., стои во соопштението на Владата.

Премиерот Груевски истакнал дека во Македонија се добредојдени азербејџанските инвеститори кои се заинтересирани за зголемување и проширување на инвестициските можности. Тој го запознал својот соговорник за реформите кои се спроведуваат во нашата земја во сферата на економијата, како што се олеснувањето и намалувањето на даноците, воведувањето на единствена стапка од само 10 отсто на персоналниот данок на доход и данок на добивка, ослободување од оданочување на задржаната добивка, намалувањето на даночните и административни бариери кои Република Македонија ја прават атрактивна за инвестирање и потенцијална бизнис-дестинација за многу заинтересирани инвеститори.

- Премиерот Груевски го посочи напредокот нотиран од угледниот Дуинг бизнис извештај на Светска банка, каде што веќе неколку години по ред Република Македонија бележи континуиран напредок. Ваквиот напредок беше поздравен и позитивно оценет од претседателот на Азербејџан Алиев кој посочи дека македонските компании се добредојдени да остваруваат плодна соработка и да ги развиваат економските односи со азербејџанската бизнис-заедница, афирмирајќи ја азербејџанската заложба и поддршката во напорите за инвестициски развој на Република Македонија, информира владината прес-служба.

Соговорниците разговарале и за состојбите во економијата на поширокиот регион, начините за надминување на актуелните економски предизвици и нивните ефекти, како и за можностите и механизмите за нивното надминување и обезбедување услови за економски раст и развој.

- Премиерот Груевски изрази задоволство од добиената поддршка со надеж дека во иднина ќе следи дополнително продлабочување и интензивирање на политичко-економските односи, истовремено упатувајќи покана за официјална посета до претседателот на Република Азербејџан Илхам Алиев, соопшти прес-службата на Владата за првата официјална посета на премиерот Груевски на Азербејџан.


Статијата е прочитана 346 пати.


Испрати коментар



Србија и Косово постигнаа договор во Брисел
Попоски - Македонија своевиден гуру на трпеливоста
„Македонски телеком“ откупи пет иновативни идеи
И по третиот круг Италија без нов претседател
Отворен патот за бизнис со Азербејџан
Уапсен Македонец за грабежи и киднапирање во Грција
Брисел ќе ја чека Македонија до јуни
На тендерот за ОХИС нема понуди
Од денеска почна да се врти вртелешката
Црна Гора го зголемува ДДВ-то од 17 на 19 отсто
(ФОТО) Промовирано првото мени на Брајово писмо
Ќе се зајакне системот за контрола на социјалната помош
Осомничените за нападот во Бостон се од Чеченија
Задолжителна употреба на биоразградливи ќеси
Иванов замина во Канада и Аризона
Владата ќе вработува 1.800 лица од социјални семејства
ПЕИ излезе од „Сојузот за иднината“
Убиен еден од осомничените за бостонските напади
Рен - Драго ми е што на Македонија и оди добро во економијата
Романо Проди за претседател на Италија
(ФОТО) Поплавени викендици на Тиквешко Езеро
ЕУ очекува прегласувањето да мине во слободна и организирана атмосфера
Ројтерс по грешка објави некролог за Сорос
Трка на кеј во чест на жртвите на маратонот во Бостон
Мушараф уапсен за државна измама
ФБИ објави фотографии од двајца осомничени за нападот во Бостон
Груевски во посета на Азербејџан
Во експлозијата во Тексас загинале 14 луѓе
Полицаец убиен во кампусот на МИТ крај Бостон
(ВИДЕО) Слободан Богоевски уапсен за перење пари
Карл Билт - Најзагрижен сум за Македонија
Скопјанка ранета со пет куршуми, додека била на гости
Жерновски - Ќе се бориме до крај и ќе оствариме поубедлива победа



Itar Pejo, 19.04.2013 14:09:39
Spored соопштението на Владата nie go resivme problemot so нафта и земен гас, минерали, метали ... koi sto od Азербејџан ce doagaat preku kargo aerodromot vo Stip, a koi sto se neophodni za nasata industrija. Avionite name da se vracaat prazni vo Азербејџан tuku polni so patlidjani, piperki i kompiri koi sto, blagodarenie na vladinite subvencii, gi ima vo izobilie vo Makedonija.
zapad, 19.04.2013 14:34:22
ove e vece smesno azarbadzan da ne blagoslovi pa tie se goelma siromastija doadjat na zapd barat azil d ase spasat og beda....neli podobro da se izednacat site zakoni so eu za da ima otvoren biznis kako vo eu pa site nie za zapad vednaga se vracame da otvorime nesto,koga ce mozes da izvezuvas i naodjas partneri preku internet i da nema koloni na grnica sekoj od nas na zapad bi otvoril bilo sto..........

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 5°C

Делумно облачно

Сабота
Делумно облачно
Макс: 21°C, Мин: 6°C

Недела
Ведро
Макс: 22°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Ретровизор | Саботен магазин |