Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
19.04.2013, 16:07
Попоски: Македонија своевиден гуру на трпеливоста



Перспективата на Балканот во голема мера зависи од силна Европа, која е подготвена и во состојба да шири просперитет, а балканските земји мора не само до зборуваат европски туку и да дејствуваат европски, спроведувајќи вистински реформи особено во владеење на правото. Македонија, пак, на својот пат кон ЕУ е „гуру на трпеливоста“.

Ова го истакна министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски, во своето обраќање на панелот на тема „Ре-енергизација на проширувањето на ЕУ во Западниот Балкан“ на годинешната безбедносна Конференција Глобсец, што од 18 до 20 април, се одржува во Братислава, Словачка.

По обраќањето на еврокомесарот за проширување Штефан Филе, кој истакна дека Европската комисија ги подготвува земјите кандидати за ЕУ на иднината, а не на минатото, министерот Попоски, во воведното обраќање, истакна дека Република Македонија претставува своевидно гуру на трпеливоста, како и дека и земјите членки на ЕУ треба да останат доследни на почитувањето на правилата на кои се основа клубот.

- Носиме и спроведуваме суштински реформи. Од голема помош ни е дијалогот што го водиме со Европската комисија. Имаме одговорност тоа да продолжиме да го правиме. Секако, очекуваме подеднакво ниво на одговорност и посветеност и од земјите членки. Проширувањето треба да создава динамика и просперитет, не фрустрации и пасивност. Корисно е секогаш да се присетиме што имале на ум основачите на унијата, истакна министерот.

Според шефот на македонската дипломатија, перспективите се сосема различни во зависност од тоа каде се наоѓате, притоа, вели, потребно е да се најде соодветната рамнотежа.

- Во политиките на ЕУ треба да им се придаде поголема важност на мерките со кои се поддржуваат растот, подобрувањето на инфраструктурата, зголемувањето на економските можности и подобрување на животниот стандард на граѓаните, рече министерот Попоски.

Како што информира МНР, на маргините на годинешната конференција „Глобсец“ Попоски реализира одвоени средби со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Словачката Република Мирослав Лајчак.












Статијата е прочитана 465 пати.


Испрати коментар



Србија и Косово постигнаа договор во Брисел
„Македонски телеком“ откупи пет иновативни идеи
И по третиот круг Италија без нов претседател
Отворен патот за бизнис со Азербејџан
Уапсен Македонец за грабежи и киднапирање во Грција
Брисел ќе ја чека Македонија до јуни
На тендерот за ОХИС нема понуди
Од денеска почна да се врти вртелешката
Црна Гора го зголемува ДДВ-то од 17 на 19 отсто
(ФОТО) Промовирано првото мени на Брајово писмо
Ќе се зајакне системот за контрола на социјалната помош
Осомничените за нападот во Бостон се од Чеченија
Задолжителна употреба на биоразградливи ќеси
Иванов замина во Канада и Аризона
Владата ќе вработува 1.800 лица од социјални семејства
ПЕИ излезе од „Сојузот за иднината“
Убиен еден од осомничените за бостонските напади
Рен - Драго ми е што на Македонија и оди добро во економијата
Романо Проди за претседател на Италија
(ФОТО) Поплавени викендици на Тиквешко Езеро
ЕУ очекува прегласувањето да мине во слободна и организирана атмосфера
Инвеститорите од Азербејџан добродојдени во Македонија
Ројтерс по грешка објави некролог за Сорос
Трка на кеј во чест на жртвите на маратонот во Бостон
Мушараф уапсен за државна измама
ФБИ објави фотографии од двајца осомничени за нападот во Бостон
Груевски во посета на Азербејџан
Во експлозијата во Тексас загинале 14 луѓе
Полицаец убиен во кампусот на МИТ крај Бостон
(ВИДЕО) Слободан Богоевски уапсен за перење пари
Карл Билт - Најзагрижен сум за Македонија
Скопјанка ранета со пет куршуми, додека била на гости
Жерновски - Ќе се бориме до крај и ќе оствариме поубедлива победа



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 2°C

Делумно облачно

Сабота
Делумно облачно
Макс: 21°C, Мин: 6°C

Недела
Ведро
Макс: 22°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Ретровизор | Саботен магазин |