Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
19.04.2013, 12:11

(ФОТО) Изложбата на Хенри Мур собра многу публика

Меѓу изложените графики и минијатурни скулптури се и делата од познатите циклуси „Мајка и дете“ и „Легната фигура“

ФОТО: Киро Попов

Изложбата „Хенри Мур: Графичарот“ на која се презентирани 80 графики (бакрописи и литографии) и шест бронзени скулптури - минијатури, на светски познатиот уметник Хенри Мур, вчеравечер очекувано, беше отворена во присуство на многубројна публика во Музејот на современата уметност. Организирана од Британскиот совет кому големиот уметник му подарил над 200 дела, изложбата ја отвори Министерската за култура Елизабета Канчевска Милеска, по обраќањата на директорката на Музејот, Елиза Шулевска; директорот на Британскиот совет за Западен Балкан, Тони О‘Брајан; Кристофер Ивон, амбасадорот на Обединетото Кралство во Македонија и Дејвид Мичинсон, кураторот на изложбата и поранешен раководител на збирките и изложбите на Фондацијата „Хенри Мур“.

Публиката која трпеливо чекаше по обраќањето да биде и отворена вратата на салата, очигледно уживаше разгледувајќи ги изложените графики, и со стакло покриените минијатурни скулптури меѓу кои се и делата од познатите циклуси на Мур, „Мајка и дете“ и „Легната фигура“. Кураторот Дејвид Мичинсон во своето обраќање говорејќи за личноста и творештвото на Хенри Мур, меѓудругото рече: „Нема ништо бомбастично и грандиозно во неговата работа пред која сите би се чувствувале понизно, туку тоа се дела во кои сите ќе се препознаеме како луѓе“. И посочи на публиката дека тој го вршел изборот на делата што Хенри Мур му ги донирал на Британскиот совет, но и дека од 1984 година графиките се прикажуваат низ целиот свет.

Патувачката изложба ќе биде отворена до 31 мај до кога ќе се одржуваат и едукативни работилници за графика и скулптура за учениците и студентите, а почнувајќи од 24 април до 23 мај, секојдневно во музејската кино сала ќе се прикажува и документарниот филм „Уметноста на Хенри Мур“. (К.Б.)




Статијата е прочитана 517 пати.


Испрати коментар



„Пролетни звуци“ за деца со Македонската филхармонија
Се снаоѓам во секоја културна средина
Неделна кинопрограма
Концерт на полскиот пијанист Славомир Добжански во Битола
Ликовните елементи ја создадоа лирско-епската атмосфера
„Калифот Штрк“ во прилепскиот театар

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 4°C

Делумно облачно

Сабота
Делумно облачно
Макс: 21°C, Мин: 6°C

Недела
Ведро
Макс: 22°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Ретровизор | Саботен магазин |