19.04.2013, 17:31 „Пролетни звуци“ за деца со Македонската филхармонија
Во Домот на АРМ, со почеток во 12 часот денеска Македонската филхармонија ќе одржи уште еден од серијата „Симфониски концерти за деца“. Овој пат, концертот со музика инспирирана од пролетта и напишана од композитори како Вивалди, Григ, Чајковски, Штраус и Бетовен, ќе им овозможи на децата, велат од Филхармонија, незаборавно музичко патување обвиено со многу сонце, прекрасно цвеќе, весели птици. Низ волшебниот и прекрасен свет на пролетните звуци ќе ги води миленикот на детската публика, младиот актер Мартин Јорданоски, или ним попознат како Волшебниот Сон, а со оркестарот ќе раководи маестро Саша Николовски-Ѓумар.
Билетите за концертот по цена од 150 денари се веќе во продажба на билетарницата на Македонска филхармонија. (Т.И.) |