Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Ретровизор Саботен магазин
Коментари
19.04.2013, 18:41

Реплики

Не ни треба таква помош министре!

Соња Крамарска

Ајде да го видам Иво Ивановски кога ќе се врати во Америка и таму да им напише закон на „Њујорк тајмс“, „Вашингтон пост“, „Фокс“, „Вол стрит џурнал“, како да ги постават односите во редакциите

Министерот за информатичко општество Иво Ивановски, најпосле ни' ја откри причината зошто напиша закон за медиуми во кој во десетина членови ги уредува внатрешните односи во весниците и телевизиите. Здружението на новинари на Македонија, поточно неговиот врв, му се жалеле од уредниците во редакциите каде што работат. Министер како министер, се сожалил и седнал и си составил закон во кој ја превртува наопаку целата хиерархиска поставеност во весниците и телевизиите. Нема веќе уредници и главни уредници, туку ќе има новинари и административни работници над нив кои за секоја измена во текстот или во телевизискиот прилог ќе мора да бараат согласност од своите новинари. Море ако дојде до спор, новинарот можел и да го тужи уредникот.Тоа триумфално го соопшти и самиот Ивановски при гостувањето на една телевизија.

Незнам дали министерот за информатичко општество некогаш во својот живот престојувал повеќе од еден час во новинска или телевизиска куќа. И тоа не кај уредникот туку во таканаречените newsrooms. Знам дека како американски ученик Ивановски ме разбира што сакам да кажам, особено со ова последното. Затоа што ако престојувал повеќе од еден час, и не само во провладините медиуми, и не се среќавал само со Јанко и Миленко, ќе знаеше дека ова што го предлага е грубо мешање во внатрешни работи на приватни компании. Во нивната стратегија како да прават подобар производ за пазарот.

Ајде да го видам младиот министер, кога ќе му заврши ангажманот во Македонија и кога ќе се врати во Америка од каде што дојде, таму да напише таков закон. Да им кажува на Њујорк Тајмс, Вашингтон Пост, Фокс, Вол Стрит Џурнал, како да ги постават односите во редакциите. Да ги пожали малку и тамошните новинари, затоа што и на нив не им е лесно. А, министре? Ви предлагам да ја прочитате книгата од светската новинарска легенда Кристофер Хичинс „Господ не е голем“ во која тој меѓу другото кажува за една своја епизода од времето кога известувал за Њујорк Тајмс од Ирак. Вели дека кога ќе се врател во Њујорк не можел да си ги препознае текстовите што ги праќал од Ирак бидејќи урениците многу му ги измениле. Штета што човекот умре, па не може да му помогнете и нему, да им забраните на уредниците во Њујорк Тајмс да ги редактираат и уредуваат текстовите на своите репортери.

Знам дека македонскиот предлог на закон за медиуми е препишан од словенечкиот. Звучи импресивно кога се кажува тоа, затоа што Словенија е веќе ветеран во ЕУ за Балканот. Но, нашата Влада и предлагачите на овој закон или не се информирани за дното што го допре словенечкото новинарство или се прават дека не се информирани. Во Словенија новинарството веќе одамна не е тоа што треба да биде. Сега ќе го уредуваат и македонското новинарство според словенечкиот терк.

Туку, ако сака министерот за информатичко општество да им помогне на новинарите, му го предлагам следново. Прво, нека се заложи за потпишување на колективен договор за најниската плата во новинарството каде што ќе се регулираат и други меѓусебни права и обврски меѓу новинарите и работодавците. Второ, нека воведе регулатива околу осигурувањето на новинарите бидејќи работат ризична професија, често одат на службени патувања, изложени се на најразлични притисоци и опасности кога известуваат од митинзи, демонстрации и слично. Трето, министре, во многу држави новинарите имаат бенефициран стаж поради стресот што го носи оваа професија, но вие не се сетивте нешто да напишете за тоа во законот. Четврто, зошто не пропишете колкав треба да биде минималниот број на вработени за отворање на весник, или телевизија, минимален број на лектори, техничари, преведувачи и слично. Информиран ли сте дека до скоро во една редакција новинарите работеа за иста плата во три медиуми, и во дневниот и во неделниот и на портал? Знаете ли дека заради нискиот број на вработени новинари, некогаш вашите „заштитници“ вршат обем на работи што одговара за три работни места. Го знаете ли тоа министре?

Петто, министерот Ивановски може да се заложи за подобар пристап на новинарите до информациите од јавен карактер, за да ни ја олесни работата кога веќе се нафатил на таа благородна мисија. Ќе му бидеме благодарни до небо. Шесто, кога дискутира на Влада и на состаноци на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, нека каже збор два за потребата од објективно судство кога не' судат нас новинарите и уредниците. Како борец за новинарските права, министерот ќе биде шокиран кога ќе дознае низ каква правна голгота поминува еден новинар во битката со неговите колеги политичари. Можеби тој како министер никогаш не бил изложен на судски процес, но ете јавно му (у)кажувам јас, како паталец. Може да зборне и збор-два околу последното исфрлање на новинарите како партали од галеријата во Парламентот и да се заложи да бидат пронајдени оние што ја дале наредбата. Е тоа веќе ќе биде вистинска помош, министре.

И седмо, а всушност најважно, ве молам министре, немојте да ги третирате новинарите како земјоделците на кои Владата им дели субвенции, како пензионерите што ги носи на бања и ги вози бесплатно во автобуси или како анонимните скулптори кои благодарение на ангажманот од највисоко место преку ноќ стануваат ѕвезди. Понижувачка е оваа најнова политичка субвенција со предлог-законот во кој им давате подарок на новинарите со цел да замижат пред другите одредби од законот кои ќе имаат катастрофални последици врз новинарството, демократијата и врз развојот на државата. Незнам дали ја следевте дебатата за прописите што ги предлагаше судијата Левинсон во Велика Британија за регулација на медиумите. Тој беше на чело на комисијата што требаше да ги истражи прислушувањата од страна на медиумите на Руперт Мардок врз јавни личности. Премиерот Дејвид Камерон како попарен одби тие прописи да се преточат во закон бидејќи, како што рече, тоа ќе биде загрозување на 300 годишната слобода на печатот во Велика Британија. А тој, Камерон, за разлика од некои други овде во Македонија, не сака да му се припишува нему таков потфат.

Можеби, ако погледневте подалеку од Балканот, ќе наидевте на поинакви законски решенија за уредување на медиумскиот простор. Но, јас ве разбирам зошто тоа не се случи. Затоа што во многу развиени земји и со поголема демократска традиција од Словенија и Хрватска од каде сега препишувате, не постојат такви закони. Таму единствен закон е дека слободата на печатот е закон. Таму воведувањето на такви закони не е политичко прашање, туку е прашање на морал. Премиерот Дејвид Камерон, на пример, во идејата за законско уредување на медиумите виде политичка стапица од опозициските лабуристи. И сосема е во право. Тоа само како уште една илустрација каков проект држите во раце.


Статијата е прочитана 4049 пати.


Испрати коментар



Што се крие во општинските каси?
Тиранијата на политичка економија
Паралел-слалом



jana, 20.04.2013 00:23:41
So noviot zakon ke nastapi totalen mrak. BRAVO VMRO na chelo so Gruevski. Zasramete za ova chto go pravite. Najdobri ste...
Коста Стоименовски, 20.04.2013 01:07:45
Мошне убава и корисна лекција на министерот за новинарството. Наместо да се фати за работа и да го работи она за што е доведен од САД, министерот, за жал, мора да работи и работи за кои не е верзиран. Увезе компјутери за потребите на образованието, децата поднаучија да работат со нив, но ефектот од тоа е сепак минимален. Србија која подоцна започна со компјутеризацијата, во 2012 год. извезе информатички услуги во вредност поголема од 200 мил. евра! Колкав е извозот на македонските компјутерџии? Министрите и претениците што доаѓаат во МК од демократските и развиените земји би требало да придонесуваат за примена на стандардите од земјите во кои се образувале и/ли работеле, а не да се прифаќаат да бидат аргати на оној што ги ангажира(л)! Треба да водат сметка и за својот интегритет и дигнитет и да си даваат оставки кога се приморувани да работат нешто што не е во согласност со нивните ставови, мислења и заложби! Еден од таквите министри потоши куп пари од мак. даночни обврзници за прошетк
Donka, 20.04.2013 01:55:52
Sekoja cest! Zarem moze nesto dase komentira koga se e kazano? Pozdrav!
jovan, 20.04.2013 05:59:08
Taka e toa koga na dete ke mu gi zemes kuklite i kamjoncinjata i gi postavis za ministri. Sto moze da se ocekuva?!
ФЕЛИКС, 20.04.2013 07:55:55
Излишна е употребата со Њујорк тајмс,Вашингтон пост и др.светски медиумски куќи,од едноставни и многу познати причини. Сите овие светски медиуми се познати по политичката блискост со едни или други политички партии и тоа не го кријат.За разлика од тука кога политичко медиумски се одработува сите тоа невешто го кријат зад некаква си медиумска независност.Втората огромна разлика е во истражувачкото новинарство,таму е врвот на таквото нешто поткрепено со несоборливи факти.Додека тука медиумите се брифираат од партиските штабови и поради немање на аргументи за напишаното или искажаното се завршува на суд.Инаку сум противник ан блок да се отфрла законот,туку владата заедно со представниците на медиумската фела да ги одстранат сите оние нешта кој се штетни за новинарството.Законот заеднички да се дополни и да оди на ревизија во Брисел.Каде што ќе се разгледа,евентуално одобри или ќе се дадат насоки за негово подобрување.Што значи законот да се укалупи според европските законодавства.
deutschland, 20.04.2013 08:06:28
Ja citam gospogata Sonja Karamarska-glaven i odgovoren urednik na Utrinski vesnik i ne mozam da i se iznacudam sto se ne napisala!?!?Pocituvanata Sonja e PROTIV kontrola na mediumite,protiv kontrola na napatenite novinari a e za KONTROLA na novinarite od glavnite uredníci na vesnicite(kako taa na primer ili od gazdata na mediumot)a novinarot koj sto go napisal tekstot i potoa celiot mu go izmenilie-KOJ GO SISA NEGO!!!!znaci vo noviot ZAKON e navedeno deka NESMEETE na novinarot da mu go izmenete tekstot bez negova licna soglasnost-sto smetam Jas deka e napolno ispravno!!Dosta imavme cenzuri nad novinarite od samite novinari(glavni urednici),taka sekoj sto ke si pisuva teks ke si i odgovara za pisaniot zbor,urednikot ke moze da mu smeni nesto SAMO so soglasnost na samiot novinar!moeto skromno mislenje e deka e toa NAPREDOK za samite novinari.Mnogu dobar-pravicen zakon!STOP za ucenite,pritisocite kon novinarite od Gazdite,urednicite.....
Kosta, 20.04.2013 09:04:50
So ministri mediokriteti nikoj vo drzaviceto nema da uspee. Tuku hrabrite ke se pojavat i ke gi isfrlat od vlasta so kloci.
milan, 20.04.2013 09:11:17
G-go Sonja, slusnav deka predsedatelot Obama son ne go faka,a Misel kosi kornela, stalno prasuvale: Zosto Ivanobski ne se vrati od Makedonija,pa da ja sredi informatikata na SAD. POZDRAV.
До Министерот, 20.04.2013 09:39:51
Новинарите не смеат да се чепкаат!Тие треба да се заштитени како мечки!
kole, 20.04.2013 13:36:27
Не ја сваќате поентата Г-ѓо Крамарска, Ивановски мора да го спроведе она што ќе му го каже надредениот, односно Груевски.......... вакво нешто во нормална држава едноставно НЕ МИНАВА што би рекле нашите комшии Блгари....
Пулицер, 20.04.2013 16:50:24
Кога веке од УСА препишуваме треба и еден член дека тајнаат служна ме смее да ангажира новинар за активности од нивна надлежност , а ако има криминална истрага нема соработка без дозвола на судија или обвинител.Како во УСА и барем ке знамее дека ангажирање на новинар е незаконско. Ова е важно а никој не го третира, и следното Новинарска легитимација , ако имаат адвокати и на пример агенциите за обезбедување зошто новинарите бегаат од лиценца или легитимација со која ке имаат пристап до информации и приоритет пред другите граѓани како овластени лица за информацијата . Вака секој вели јас сум новинар и од кај знаеме дека не е партиски војник или шпиун на странска држава кој собира информации. Оној кој собира, обработува, анализира и пласира во јавноста информации , вести, анализи, коментари и осврти и други производи од вести треба да се легитимира .
Баба Евда, 20.04.2013 16:50:33
Толку е интересна темата што Тефљони мој мораше двапати да се јави , еднаш како Феликс, еднаш како Изгубен Германец.Го очекувам и во ликот на јован.блада , односно да се комплетира Света Троица!
JAS, 20.04.2013 17:23:06
Kakov god zakon da se donese nema bitno da se izmeni sostojbata vo makedonskite mediumi. Za zal ostanaa samo nekolku novinari koi se nezavisni a ostanatite se ili za DPMNE ili SDSM. Samocenzurata e pogolema od cenzurata. Novinarite se samite kriv za sve sto im se slucuva . Bez pocit i odgovornost kon profesijata. So godini istoto go zborat ama nisto ne pravat da smenat.
ne znae, 20.04.2013 18:17:33
Ministerot neznae da cita, pa verovatno seto ova badijala go napisavte, sto vprocem e 100% tocno. Od dosegasen mediumski mrak, ke vlezeme vo totalen tunelski mrak! Se razbira, toj mrak nema da bide za jadenje burek
Caro-kann, 20.04.2013 20:36:20
Почитуван-на Баба Евда,не сум со истото мислење дека “извинување без задршка“ алијас Феликс (какво црно извинување за директ во врвот на брадата,кога не се дозволени ударите под појас -ниските удари какви на купишта ги користи) е истиот со твојот “изгубен германец“ односно овде присутниот Deutschland.Еве,на што го темелам тоа:Зарем не гледаш дека во своите сиромашни (и сироти) списки многу често употребува дијалектизми од неговата “изгубена територија“ (полошкиот регион). Не успеа да си го сочува своето,сега запнал “ко Алемпиќ на Дрини“,да го брани нашето. Дај нека се девтоса (мој дијалектизам) од бранење на нашето,зошто отидовме и ние низ вода!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Vcudoneviden, 20.04.2013 22:59:10
Ovoj Feliks za se ima opravduvanje. Te ne e toa toa, te ne e vrat nego shija, te beloto e crno ili obratno, i se vo toj fazon, so glavnata zavrshnica/poenta - Branko e za se kriv! A od druga strana ne zaborava da potencira i da se chalami kako 7 pati posledovatelno pobeduvaat. Pa gospodine Feliks, valjda pobednikot ja vodi i ureduva drzavata, a ne porazeniot? Ili si i ti so stavot na profesorkta od Shtip - da padne ovaa bagra, VMRO da dojde na vlast!
вики, 21.04.2013 14:30:23
Се разбира дека ќе има најразлични коментари но, тоа нека не ве поколеба да пишувате за вистината Соња. Никому не му е гајле за она што го напишавте но, сметам дека треба и понатаму да бидете настојчиви и да си се изборите за вашето право - новинарско. И онака владее мрак во државава, и онака ни се презентира како овде да цветаат само ружи но, вистината е сосема поинаква. Само некои недоквакани можат да тресат глупости бидејќи не знаат и што е тоа новина и новинарство. немојте да дозволите да ве разединат. Нека останат само оние полтрончиња на власта (да не ги именувам) и нека плампаат колку сакаат, затоа што само таквите како нив им веруваат и никој друг. Секој што е свесен и совесен гледа во каква состојба ни е новинарството. Само храбро и напред!
verag, 21.04.2013 18:09:45
На ДПМNE не му одговара да има слобода на медиумите. Она што го забележувам со о0вие измени- уредникот да не може да му го смени текстот на новинарот е во колизија со еден друг закон со којшто за клевета се казнува најмалку новинарот, а со поголема казна уредникот. Ако не може да му го смени текстот на н��винарот, зашто да биде казнет, па уште повеќе од него?

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 6°C

Ведро

Понеделник
Делумно облачно
Макс: 22°C, Мин: 8°C

Вторник
Делумно облачно
Макс: 22°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
Кога Тито, Фројд, Хитлер, Сталин и Троцки беа во Виена
Никој не знае дали Хитлер налетал на Троцки, или Тито се сретнал со Сталин, но тие беа таму...
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Ретровизор | Саботен магазин |