21.04.2013, 16:06 ДИК: Излезноста до 13 часот изнесува 33,41 отсто
Излезноста на ниво на цела држава до 13 часот е 33,41 отсто, додека на ниво на Град Скопје правото на глас го искористиле 33,88 отсто од гласачите, информираат од Државната изборна комисија.
Според ДИК, најмала е излезноста во општина Струга каде на девет избирачки места се прегласува вториот изборен круг и до 13 часот гласале 29,5 отсто, или 1.975 граѓани.
Највисока излезност има во општина Долнени, каде на 39-те избирачки места правото на глас го искористиле 4.508 граѓани или 38,58 отсто од гласачите.
Во Општина Центар, каде се прегласува на 29 избирачки места, од 22.939 гласачи, колку што се наведени во избирачкиот список, гласале 7.865 гласачи, или 34,29 отсто.
Во општината Ѓорче Петров каде денеска се прегласува на едно место, според ДИК, гласале 26,82 отсто, односно 354 граѓани.
Според Државната изборна комисија дос��га не се пријавени изборни неправилности.
|