Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
22.04.2013, 13:46
Битола подготвена за фестивалот на монодрамата



На 15. Интернационален фестивал на монодрама на пет сцени ќе настапат актери од осум држави

Битола - Битола е подготвена за почетокот на 15- тото јубилејно издание на Интернационалниот фестивал на монодрама што ќе се одржи во градот од среда до 28 овој месец. Претставите ќе бидат изведувани на пет сцени. Годинава ќе бидат прикажани монодрамски остварувања на актери од 8 различни држави: Словенија, Романија, Србија, Шведска, Украина, Тунис и од Македонија. Главен фестивалски предизвик секако дека е наградата „Гран-При“ за која конкурираат исклучителни актери како што се: Олга Град, Луминица Борца, Страхиња Бојовиќ, Елиас Фајнгерш, Марина Куклина, Видмантас Фијалкаускас, Мехер Авахри, Владимир Јачев, Хауард Рип или Билјана Таневски.

Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола ќе биде отворен со театарската претстава на Македонскиот народен театар, „Изгубени Германци“ од Дејан Дуковски, во режија на Слободан Унковски, а ќе биде затворен со претставата „Женидба“ во изведба на Театар Комедија од Скопје.

„Еден од концептите на фестивалот е да поттикнува продукција на монодрами. Така оваа година МНТ ќе има своја премиера, а тоа е „Приказна за пијанистот на океанот“, од актерот и режисер Владимир Јачев, специјално подготвена за нашиот фестивал“, рече Борче Димитровски, директор на Центарот за култура во Битола.

Доајенот на македонското глумиште, актерот Мето Јовановски е избран за претседател на меѓународното стручно жири во кое ќе членуваат: Соња Михајлова, Нина Мазур, Марцин Боткиевиц и Вјацеслав Терешченко. Селектор на Фестивалот е бардот на битолското глумиште, Петар Мирчевски.

„Имаме една богата програма и во конкуренција и вон конкуренција на фестивалот. При селекцијата најмногу се раководев од критериумот квалитет. Монодрамата е форма каде главен акцент се става на актерот и затоа се раководев најмногу од актерската игра, но не ги запоставив и другите компоненти кои ја создаваат театарската претстава: светло, сценографија, костимографија“, рече Мирчевски.

Според него, во последните години во Македонија има затишје што се однесува до овој театарски жарн.

„Голема храброст и жртва е да се направи монодрама. Тоа е најтежок драмски вид за изведување. Јас сум над 40 години во театар и не се осудувам се уште да се фатам во костец со една таква изведба. Во Европа сепак владее некој интерес на тоа ниво и актерите имаат еден специфична, чудна енергија. Мислам дека и во Македонија интересот ќе расте, во последно време имаше една надолна линија, не во квалитет туку во бројот на изведби“, додаде Петар Мирчевски на вчера одржаната прес - конференција. Финансиската конструкција на фестивалот изнесува околу 20 илјади евра. (А.Б.)











Статијата е прочитана 649 пати.


Испрати коментар



Плакати од Таби Азири на изложба во КИЦ
Промоција на Дневнички и мемоарски записи на Мисирков
Во НУБ ќе се одбележи Светскиот ден на книгата и авторските права
„Куќа со кула“ и „Седум психопати“ на „Скопски фестивал“
Неделна кинопрограма
Промоција на „Крикови од неископан гроб“ од Антоновски во Струмица
Изложба на Глигор Чемерски во „Матица ексклузив“
Зависни од афро-кубанскиот ритам на Оскар Салас
Влезниците за „Оф-фест“ пуштени во продажба

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 6°C

Ведро

Среда
Делумно облачно
Макс: 26°C, Мин: 9°C

Четврток
Сончево
Макс: 27°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
Бомбашите од Бостон планирале и други напади
Републиканците побараа одговори на прашањето дали ФБИ потфрлилo во истрагата за радикалните исламисти...
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |