23.04.2013, 09:10 Во Канада спречен голем терористички напад
Во Канада е спречен заговор за напад врз железничката линија Торонто-Њујорк, соопштија претставници на американските безбедносни сили.
Канадските специјални служби претходно соопштија дека спречиле „голем терористички акт“ при што се уапсени две лица.
Полицијата наведе дека уапсените повеќе од една година биле набљудувани во провинциите Онтарио и Квебек.
Според канадските органи на редот, 30-годишниот Чихеб Есегхајер и 35-годишниот Раед Џасер, кои живееле во Монтреал и Торонто, планирале напад врз воз на компанијата „Виа реил“.
Полицијата наведе дека нападот „бил во фаза на планирање, а не бил пред непосредна реализиција“. Таа додаде дека тоа е првиот извесен напад, подготвен од Ал Каеда во Канада.
Според неа, двајцата уапсени добивале упатства од елементи на Ал Каеда во Иран, но нема докази дека терористичкиот заговор бил спонзориран од некоја држава.
Мажите не добивале финансиска поддршка од Ал Каеда.
Таа наведе дека тие не се канадски државјани, но одби да посочи од каде се или зошто дошле во Канада.
Операцијата е спроведена во координација со Министерството за внатрешна безбедност на САД и ФБИ.
Се` уште не е позната целта на спречениот терористички напад, но не е поврзан со минатонделниот бомбашки напад во Бостон. |