22.04.2013, 11:04 Договорот ги мина владата во Србија и парламентот во Косово
Спогодбата за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина беше одобрена во косовскиот парламент и српската влада
Српската влада на специјална седница едногласно донесе одлука да го прифати договорот со Приштина.
Договорот по владата, ќе мора да го верификува и српскиот парламент, но тоа најверојатно ќе се случи по неколку дена.
Премиерт Ивица Дачиќ рече дека е извесно оти Србија ќе добие датум за преговори за членство во ЕУ, бидејќи тоа му го ветила и високата претставничка за надворешна политика на унијата Кетрин Ештон.
На вонредна седница доцна синоќа парламен��от на Косово ја одобри резолуцијата за поддршка на спогодбата за нормализирање на односите со Србија, постигната со посредништво на ЕУ.
Премиерите на Србија и Косово Ивица Дачиќ и Хашим Тачи во петокот во Брисел, по повеќе месеци интензивни преговори, ја парафираа спогодбата меѓу Белград и Приштина за нормализирање на односите.
Таа предвидува косовските Срби да останат под јурисдикција на косовските албански власти, а како замена за тоа добиваат широка автономија.
Стодваесетчлениот парламент во Приштина со 89 гласа „за“ и пет „против“ го одобри договореното помирување меѓу двете земји.
Напрегнатата седница беше прекината од тврдокорните пратеници, кои се спротиват на спогодбата.
Околу 200 демонстранти протестираа пред зградата на парламентот против спогодбата, која, спред нив, може да му даде повод на српското малцинство да отцепи дел од територијата на Косово и да ја присоедини кон Србија. |