Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
23.04.2013, 09:43
Ван Перси му ја донесе 20. титула на Јунајтед



„Црвените ѓаволи“ славеа со 3:0 и имаат недостижна предност од 16 бода во однос на Манчестер Сити

Робин ван Перси постигна хет-трик во првото полувреме од натпреварот во кој Манчестер јунајтед ја декласира Астон Вила со 3:0 и ја обезбеди јубилејната 20. титула четири кола до крајот на Премиер-лигата. Холанѓанецот го отвори резултатот по само 90 секунди, зголеми 11 минути подоцна со ефектен волеј преку глава и стави точка во 33. минута. Напаѓачот, кој минатото лето дојде од Арсенал, се искачи и на првото место на листата на стрелците со 24 гола, еден повеќе од Луис Суарез од Ливерпул, кој се очекува да биде суспендиран од Фудбалската асоцијација на најмалку три меча поради гризнувањето на Бранислав Ивановиќ од Челзи.

„Не е важно кој ги дава головите, важно е да победуваме. Многу сум среќен, но за мене ова е многу чудно чувство. Толку долго чекав на првата титула. Одлично се чувствувам. Манчестер е фантастичен клуб со фантастични играчи“, рече Ван Перси, кој по девет години поминати во Англија конечно се израдува на првата титула во првенството.

За Јунајтед ова е четврта титула во последните шест години, односно 13. откако пред 21 година се формира Премиер-лигата. При освојувањето на сите 13 титули на клупата седеше сер Алекс Фергусон, кој и на 71 година ја нема загубено желбата за трофеи.

„Ова е неверојатно. Стигнав до 13. титула во Премиерлигата откако сум менаџер на Манчестер јунајтед. Мислам дека сосема заслужено се радуваме на трофејот. Минатата сезона несреќно ја загубивме титулата, но овојпат бевме фокусирани и ја коригиравме грешката. Не дозволивме да направиме нов кикс“, рече тој по победата над Астон Вила. „Робин ван Перси беше неверојатен цела сезона, а вториот гол против Астон Вила беше гол на векот. Тоа е еден од најубавите голови што ги имам видено и влегува во групата на голови што ги дале Бекам, Солскјер, Кантона“.

Откако во 1992 година е формирана Премиер-лигата, Јунајтед покрај 13. титули седум пати беше второпласиран и само еднаш заврши трет, а никогаш не бил на четвртото место или подолу!

„Нашата константност во последниве 20 години е неверојатна. Ова е клуб кој никогаш не се откажува. Од сер Мат Безби, катастрофата во Минхен, со обновувањето на екипата, освојувањето на европските титули. Сето тоа ја покажува богатата историја на клубот“, вели Фергусон.

Покрај Фергусон, на сите 13 титули во Премиер-лигата се радуваше и Рајан Гигс, кој освои повеќе титули од 90 од вкупно 92 екипи кои се дел од англиските лиги! Ова ќе му биде јубилеен 25. кренат трофеј, а Пол Сколс по 11. пат ќе биде првак на Англија. За Ферги ова е вкупно 49. трофеј во тренерската кариера. До 1993 година Ливерпул беше далеку најдобар тим со 18 титули, Арсенал имаше 10, Евертон 9, а Јунајтед само 7.

Четири кола до крајот Манчестер Ј. има 84 бода, дури 16 повеќе од градскиот ривал Сити и сега до крајот на првенството тимот ќе го брка рекордот на Челзи по бројот на поени. Тимот од „Стемфорд Бриџ“ освои 95 бода во сезоната 2004/2005, кога стана првак. До крајот Јунајтед игра против Арсенал, Челзи, Свонси и Вест Бромвич Албион. Сезонава тимот имаше низа од 18 меча без пораз, а во првата половина ги победи најсериозните конкуренти за титулата Челзи, Арсенал, Ливерпул и Сити.



























Статијата е прочитана 541 пати.


Испрати коментар



Марио Гетце во Баерн за 37 милиони евра
Брејк за Чикаго, Пол го сруши Мемфис
Меч за фудбалските гурмани на „Алијанц арена“
Пипан ќе тестира во Турција и во Кина
Куманово четврти, Галил ја одбрани титулат��
Еден гол за три бода на Атлетико против Севиља
(ВИДЕО) Ливерпул парично го казни Суарез
Перфектни 8-0 за домаќините
Ѓоковиќ ја сопре доминацијата на Надал во Монте Карло
(ФОТО) Металург „пукна“ во вториот дел со Кјељце
Кебеде од Етиопија победи во Лондон
Фетел надмоќен во Бахреин
Поп Ацев 18. на маратонот во Мексико
Малинков нов тренер на Фени
Домаќински старт на плејофот во НБА
Лазаров блескаше против Барселона
Металург ги вжешти печките за Кјељце
Куманово не успеа да се пласира во финалето на БИБЛ
ЦСКА Москва втор учесник на „Фајнл фор“
Димитров го изнамачи Надал во Монте Карло
Ван дер Варт - Баерн нема шанси против Барселона
Барселона и Панатинаикос ќе играат мајсторка
Кливленд му врачи отказ на Бајрон Скот
Французинката Пино во Вардар СЦБТ
Мари и Бердих шокирани во Монте Карло
Со две срца против Кјељце
Лејкерси на крајот седми на Западот
Антиќ и Олимпијакос ја испуштија првата меч-топка
Продолжува победничката серија на МЗТ Скопје
(ФОТО) Шкендија и Вардар ремизираа без голови
Меси ќе биде подготвен за Баерн
Реал Мадрид прв патник за Лондон
(ВИДЕО) Баерн убедлив, хет-трик на Гомез за шест минути
Клиперси ја продолжија победничката низа
Словенците го селат Пипан во Азија
Оклахома го осигура врвот на Западот
Познатиот судија Веб префрлен во третата лига
Ван Бујтен се сели во Италија или Франција
Карабатиќ блиску до Барселона
Руни потпишал договор со ПСЖ
Милевски старо-нов тренер на Вардар
Шундовски и Ангеловски прваци со Констанца
Вардар ја прифати оставката на Илиевски
Кире Лазаров ја торпедира Уеска
Почина маратонец во Брајтон
Клубски дојде до првиот трофеј во историјата
Лејкерси победуваат и без Коби
(ВИДЕО) Пандев стрелец во дуелот со Милан
(ФОТО) Вардар про му го предаде пехарот на Загреб



Crven gjavol, 23.04.2013 10:32:11
Glory, glory Man United.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 8°C

Ведро

Вторник
Делумно облачно
Макс: 21°C, Мин: 9°C

Среда
Делумно облачно
Макс: 26°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
Бомбашите од Бостон планирале и други напади
Републиканците побараа одговори на прашањето дали ФБИ потфрлилo во истрагата за радикалните исламисти...
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |