22.04.2013, 19:06 Србија и' одржа лекција на Македонија
Нашата земја не беше ниту спомената во Луксембург
Слободанка Јовановска
Србија ни одржа лекција од политички прагматизам и визија, и по тешки упорни повеќемесечни преговори, вчера успеа да добие препорака за датум за преговори со Европската унија, која за разлика од нашата што се повторува петпати, може и да се оствари. Министрите за надворешни работи на ЕУ вчера од Луксембург го поздравија како голема храброст постигнувањето на договорот меѓу Белград и Приштина околу Северно Косово, а бидејќи потврдата за него стигна кога и тие на состанокот, одлуката за почнување преговори ја најавија за самитот на ЕУ во јуни. Македонија на прес-конференцијата по состанокот не беше ни спомената, освен информативно, дека и за неа еврокомесарот Штефан Филе поднесол извештај кој ќе се разгледува во јуни.
„Ова е историски ден за Србија, за Косово и за цела Европа“, оцени ирскиот претседавач Емон Гилмор, одавајќи им признание за политичка храброст на двете држави. Филе од своја страна нагласи дека договорот немало да биде можен без храброста и политичка решеност што лидерите ја покажале за време на тешките преговори, информирајќи дека утрото препорачал преговори, за членство со Србија и за Спогодба за асоцијација и стабилизација со Косово. „Тие докажаа дека можат да се фокусираат на иднината место да останат заглавени во минатото и затоа заслужуваат да тргнат одлучувачки кон ЕУ“, рече Филе додавајќи дека Србија ги исполнила политичките критериуми за тоа.
Таков одек српско-косовскиот пробив имаше и во Македонија, но вчера немаше кој да каже зошто од наша страна нема ни храброст ни визија да се реши спорот што ја блокира Македонија, бидејќи цел државен врв одговорен за надворешната политика беше на пат. Формално одлуката за почнување преговори на Македонија со ЕУ е одложена за јуни, но изгледите тоа да се случи според бриселски оцени се многу црни. Пробивот на Србија и Косово се гледа веќе како можно потсетување до нашата Влада дека може да има корист од политичкиот дијалог, иако кај нас веќе се вадат аргументи дека нашиот спор нема иста политичка тежина како на Белград и Приштина, бидејќи е ирационален, а Грција е земја членка, а не рамноправен преговарач. Додека кај нас фокусот на проблемот е во името, во Брисел тој се поместува во однос на политичките критериуми, без чие исполнување успехот на Србија ќе ни стане недостижен сон. Ако Белград во јуни добие датум а Македонија не, тогаш нашето одбројување треба да почне наопаку, со акцент на земјите кои, како и ние, немаат шанси за напредок во евроинтеграцијата. |
Статијата е прочитана 10505 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 23.04.2013 00:11:54 | Srbija ke dobije datum, no dobivanje datum i dobivanje clenstvo , ne e isto. Vo ovie okolnosti, ova sto go dobija e maximumot koj mozea da go dobijat, vo sprotivno ke trebase da organiziraat nova traktorijada, pa donekade i imaat pravo da se zadovolni. Barem sega za sega. No so ova dobija i nekakva nadez deka trgnale napred, dodeka kaj nas ima se poveke i poveke neizvesnost. |
| BOKI, 23.04.2013 00:16:13 | Каква лекција? Што, да не влегоа во ЕУ? Зар мислите ќе влезат во ЕУ пред Косово (па за да можат утре да му го блокираат приемот)? Зар мисите дека ЕУ ќе го почитува договорот доколку не и одговара. Зар мислите дека Србија ќе го почитува договорот дококлу не и одговара. Зарем мислите дека вакви договори воопшто нешто значат некому. Ништо не решила/добила Србија, освен што го ставила Косово на агендата на ЕУ. Патем, не ми е јасно? Како тоа Косово влегло во договор за Стабилизација и асоцијација (или слично) со ЕУ кога и не е признаено од сите членки? Или, кога се сака, се се може? |
| Nekoj od nadvor, 23.04.2013 00:25:26 | Uste malku i Kosovo ke vi odrzi lekcija. Samo se prasuvam sto ke pravite so ona spomenicite grchki, moze da im gi podarite na grcite kako poklon. Na kraj mi se chini ke ostaneme i bez ime i bez pari, a dostoinstvoto odavna ni e izgubeno. Rezultatite go pravat chovekot chovek, sto luge ke bevme? |
| stefan, 23.04.2013 00:55:09 | pa i na nas dobro ni ide, neka se pofali nekoja drzava so tolku spomenici napraveni za tolku kus period |
| Jas, 23.04.2013 00:59:48 | Која глупа споредба... |
| Богомил(ец), 23.04.2013 01:01:10 | Колку што Македонија демонстрира дипломатски волунтаризам и политички дилетантизам, толку и бриселските мангупи со неа си ги вежбаат рацете, третирајќи ја како пинг-понг топка, со неограничена издржливост. Оставајќи не со години на листата за чекање, како дотраен вагон на слеп колосек, всушност Брисел го потхранува амбиентот за внатрешна политичка тензичност и нестабилност. Грција, со својата уникатност како растур држава, во која фашизирани елементи влегоа во парламентот, со болна ксенофобичност, прогон на се што не е грчко, со помош на европските поддршувачи и дели лекции на Македонија за демократија. Не сме идеални, но не и толку проблематични како другите од нашето опкружување. Бројчано- мали, воено -минорни, економски-безвредни. Оттаму и игнорантската валкана антимакедонска политика на бриселската братија кон Македонија. |
| Весна.С, 23.04.2013 01:42:15 | Договорот што го потпишаа Србите е еднаков со нашиот рамковен Законот за теритиоријална поделба и пак во Македонија нема никаков мир-секојдневни тепачки(и убиства) по национална основа ,а да не зборувам за тоа дека албанците(со исклучоци) не почитуваат ни закон ни Устав и сите овие документи (рамковниот и Законот)си ги тумачи како сакаат.Во овој случај и Србите ги лажат(убедуваат)дека со тоа не го признале Косово како држава како што нас сакаат да не убедат дека промената на името не значи промена на идентитетот на народот. |
| pile, 23.04.2013 03:08:26 | ...но вчера немаше кој да каже зошто од наша страна нема ни храброст ни визија да се реши спорот што ја блокира Македонија, бидејќи цел државен врв одговорен за надворешната политика беше на пат.(U.V.)Vospostaveno e novo pravilo,najverojatno so poseben Zakon, vo uslovi na otsustvo na Pretsedatelot na Drzjavata koj e vo Kanada, i vo otsustvo na Pretsedatelot na Sobranieto koj e vo Katar, Drzjavata ja pretstavuva Pretsedatelot na komisijata za nadvoresna politika, koj bese domakin na NATO delegacijata, i imase cas po kvazi humor na seriozno prasanje od clenot na delegacijata.Kompetentnosta na eks ministerot za nadvoresni raboti G-din A.Milososki za odgovor na prasanjeto e skoro ista, ako ne i pomala posle zadocnetata soglasnost za ime Republika Makedonija (Skopje) za clenstvo vo NATO na Samitot vo Bukurest 2008 godina,(molcese kako strina, a sega i toj spasuva sto mozje da se spasi) so kompetentnosta na bilo koj gragjanin na R.Makedonija,pa i jas, no ke odgovoram koga za posetata U.V. |
| Marioec od Azija, 23.04.2013 03:15:08 | Uf,uf ni odrza novinarkava lekcija za pragmatizam.Gi ima ispomesano loncinjata ili apovite ako gi zema istata.Pazi ne sme bile nie pragmaticni a da ti bidat grcine.E gospodjo nemoze ni edna vlada da odluci ni eden novinar kako tebe za takvi prasanja i ako zagovaras demokratija redno e da napises deka mora da se prasa narodot.Koga ste sretnale vie grcki kolega da ja kritikuva grckata politika za nekoj spor i kolku da ne e ispravna ako se raboti za drzavni interesi.Cccc kakvi novinari i politicari imame ne me cudi zosto tapkame dvaeset i povece godini v mesto. |
| RIKO, 23.04.2013 08:03:34 | Земи си С��пски пасош и спаси се. |
| Gjorgji, 23.04.2013 08:04:48 | Da, Srbija i odrza lekcija na Makedonija kako se vrsi predavstvo na drzavata. Deka sum vo pravo dokaz se protestite niz Srbija i baranjeto postignatiot dogovor da se proglasi za nistoven. Taka da ne spinuvajte i ne gi lazete lugjeto.
p.s. ZNAM deka nema da go objavite komentarov-ne vi odi vo prilog |
| Аниматор, 23.04.2013 08:44:33 | Неверојатно невкусна и неприкладна споредба на баби и жаби. Да се преговараше со Грција за статусот на Егејска Македонија, па да разберам некако... |
| Itar Pejo, 23.04.2013 09:28:15 | Ne i e tesko na Srbija da se odkaze od del na svoata teritorija koja sto nisto ne i znaci. Sosema drugo e nasiot iracionalen spor. Kako moze da se odkazime od solunskoto pole koe sto go nemame i od nasiot nov identitet koj sto vlasta ni go kroi vece nekolku godini i ne cini minimum 200 milioni evra? |
| ФЕЛИКС, 23.04.2013 09:32:21 | Никој никому не одржал лекција,туку Србите докажаа колку политиката е превртлива.СНС дојде на власт со пласирање национални пораки за единство,со ,,не го даваме Косово,никогаш нема да ја признаеме независноста,, и др. национални презентации.И што е најважно се одкажаа од она што предходно го изгубија воено а сега и на ,,зелена маса,,По се изгледа проектот ,,Београдски пашалук,, ќе се реализира на штета на Србите.По Косово следи Војводина која веќе ги покажува првите знаци за одцепување.Затоа споредбата со нас е безпредметна од многу причини.Проблемот околу (не) добивање датум за преговори во основа е различит,плус сите ја прифатија тука и надвор референдумска финална завршница. Србија која за некого преговарала не им ги исполни барањата на оние кој ги представувала,па сега имаме внатрешен раскол на национална основа.Ќе биде интересантно во иднина ако оние од северно Косово опстојат на непризнавање на институциите.Како тогаш Србија ќе го реши проблемот заедно со институциите на Косово. |
| trajcemk, 23.04.2013 09:33:14 | Прашај ги србите во Косово за лекцијата.... |
| Apollonas Makedonas, 23.04.2013 09:43:06 | Разликата меѓу Србија и FYROM, е дека Србија е изградба на мостови со Европа, која е базирана на Реалполитика, додека FYROM е изградба на споменици на странски херои. |
| Цобе, 23.04.2013 10:00:24 | Не ви е наместо споредбата новинарке а и Србија ништо не добила, односно добила препорака од ЕК за датум за почеток на преговори а датумот го дава Советот во ЕУ.Па ние пет пати добиваме препорака за почеток на прговори од ЕК а датум уште не сме добиле така да ништо не добиле Србите сега за сега а и понатаму уште можат да бидат уловувани.Кај нас е друг проблемот се работи за име на држава и нација кое е основно право со што грците сакаат да не уништат за навек |
| stip, 23.04.2013 10:12:32 | da ,,,,,,,SRBIJAsi go predade svojot narod i zemja. |
| suze, 23.04.2013 10:25:24 | Додека Македонија напредува,Србија и Косово тапкаат во место-со оваа реченица Ивона Талеска од СИТЕЛ ја објави оваа вест гледана низ розевите очила на Сител.Би било смешно доколку не е и повеќе од трагично! |
| Зевзекмен, 23.04.2013 10:34:29 | Хрватска е практично во ЕУ ама на народот му врие. Свесни се дека ЕУ ќе ги покачи платите но многу повеќе трошоците на животот. Впрочем таму владее уште сега големо незадоволство од ЕУ, јавно се зборува дека референдумот беше фалсификуван. Тешко се влегува во ЕУ, но уште потешко се Излегува !! Исто како што НАТО не ги решава внатрешните судири ( на пример во Шпанија проблемот со Баскија), а патем НАТО не го реши ни Грчко-Турскиот спор околу Кипар и островата, така ЕУ не ги решава внатрешните економски проблеми во државата. Го осети тоа и Грција и Унгарија, посебно Словенија која рапидно назадуваше |
| Обичен и прост човек, 23.04.2013 10:39:00 | Текстот така силовито почнува, што човек ќе си рече како ние да сме постигнале договор со една од спомнатите страни. Потоа авторката сама си одговара зошто меѓу нас и нив се’ е исто ама различно... Во пресингот што го трпиме за добивање датум или членство во нам милите ни организации, се заборава суштинската причина зошто ни е потребно „вкалопување“ на системот по пример на западноевропскиот. Така би требало да ни биде подобро отколку сега. Е, сега, друго прашање е дали ние треба да обликуваме постоечка реалност со европски закони и реформи, или да создаваме реалност за која тие закони треба да важат? |
| Fico, 23.04.2013 11:00:00 | Slobodanka... ocigledno imas problem so samata sebe. |
| ane, 23.04.2013 11:40:45 | ТОКМУ ТАКА КАКО ШТО РЕЧЕ СЛОБОДАНКА-АЈДЕ И НИЕ ПРВО ДА СМЕ ХРАБРИ ДА ДОБИЕМЕ ДАТУМ, ПА ТОГАШ СИТЕ ОВИЕ КОМЕНТАРИ ПОГОРЕ КЕ ИМАА МЕСТО! |
| ставре, 23.04.2013 11:59:36 | ако откажувањето од дел од својата земја е држење лекција на соседите, тогаш авторката си има проблем самата со себе и својот идентитет. Па зошто не си земи српски пасош и џитла - оди пиши таму за патриотизам. Можда таму не знаат шо значи зборот- соросоид |
| rade, 23.04.2013 12:57:25 | pokazaa moze da se dogovorat,nie 23god nemozeme nit so albanci nit so eu,on,grci,bugari da se dogovorime,nie sakame status quo da si ostaneme kako vo komunizam epa evropa tece se menuva vreme i nie da se dogovorime da razresime so albancite. |
| istok, 23.04.2013 15:43:13 | kakov e ovoj natpis sto sakste da kazete deka sme spremni da ne postoime kako narod za da ni dadat pregovori. kakov narod sme bre se dokazuvame megju seba deka treba da si go dademe imeto za da ne primat vo eu i nato. i togas nema da ne primat zosto ke treba prvo da ne podelat okolu nas tie drzavi. zarem ne gledate deka edinstveno nesto sto im preci za podelbata e imeto. slepci. ako sakaa da ni pomognat od brisel i bez grcite ke gi pocnevme pregovorite. kako bugarija, romanija i grcija, a sega i albanija vlegoa koj vo nato koj vo eu i nato. imaa li se ispolneto , NE. pa sto povekje muabet treba da se pravi. |
| strumicanec, 23.04.2013 16:40:44 | kolku li samo prasina se digna od naslov na nekojasi novinarka!! siguren sum deka gospogata novinarka najslatko se iznasmeja na site tie komentari :) bog da ni e na pomos so takov nardod |
| Caro-kann, 23.04.2013 17:03:37 | Гледај му ти размислување на г-динот “извинување без задршка“-алијас Феликс!!!
Гледај му ти “аналитичност“ во размислувањата.аргументираност и се во стилот:јас да ја треснам па “куд пукла,да пукла“.
Па ако само малку се размисли многу лесно ќе се дојде до сосема спротивен заклучок,дека токму со овој потег Р.Србија ( и покрај сета непопуларност) го стеснува просторот за “Белградскиот пашалук“,се стеснува просторот и за “...првите знаци за отцепување“ на Војводина: Па зарем Војводина беше толку против ЕУ-прогресот на Србија,па сега ова да не и оди во прилог.Значи просторот за отцепување на Војводина беше помал кога патиштата со останатиот дел од Србија беа во различни правци,а сега кога патиштата водат во ист правец е создаден поголем простор за отцепување. Е,зелени,зелени,па зелени,боже мој!!!!Па ако нешто тресеш толку кутурџиски,мавни се (освен ако не е по налог)!!! Подобро е ништо,отколку вакво нешто!!!!!!!!!!!!!! |
| Македонка, 23.04.2013 18:07:08 | Госпоѓо Слободанка Јовановска, да не испадне дека во оваа држава има само незрели луѓе, од вас барам да покажете зрелост, за да им покажете на другите колку сте созреале, и да си ги промените името, презимето, ма променете си што сакате, само покажете зрелост! Што и да Ви значи „зрелоста“... |
| George, 23.04.2013 23:12:48 | Многу кратковидо од страна на авторот. ЕУ ги седна Србија и Косово на една маса, додека ниту ЕУ ниту пак свети ЕУ може да го натера јужниот сосед да седна на една маса со нас. Соседот ем бега од нас како да сме болни ем е толку самобендисан што се крева до небо. ЕУ (и Западот) имаа можност да го натераат соседот да седне со нас во изминативе две-три години, но изгледа немаа ма***а за тоа, ниту пак за лекции. Па, вака, лесно да се рече Србија ни одржала лекција. |
| rokoko, 24.04.2013 00:07:35 | sorosoid, velis...., a pomisluvas li deka protivnikot mozebi mu e mongoloid??? |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 15°C
Ведро
|
Четврток
Сончево
Макс: 27°C, Мин: 11°C
|
Петок
Сончево
Макс: 28°C, Мин: 13°C
|
|
|
|
|
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“ |
|