23.04.2013, 15:22 „Арселор-Митал“ гаси четири високи печки во Франција
Најголемиот производител на челик во светот, компанијата „Арселор-Митал“ денеска објави дека утре дефинитивно почнува со гаснење на високите печки во источниот дел на Франција.
Постапката ќе трае два дена. Високите печки од октомври 2011 година се подготвени за почеток на производството, но тоа не се случи бидејќи цената на челикот на светската берза не е погодна за тоа.
Предвидено е исклучување на четири печки во железарницата во Флоранж, потврди Анри Орсон, генерален директор на „Арселор-Митал Атлантик“.
Активен ќе остане само системот за надѕор на загадувањето на воздухот, водата и земјиштето.
„Арселор-Митал“ во 2011 година произведе 97,2 милиони тони челик, а на листата на „Форчн глобал 500“ најголеми компании во светот беше на 70. место. |