22.04.2013, 11:36 Две лица тешко повредени од струен удар на Глобочица
Две лица се тешко повредени, а уште неколку полесно додека пловеле со кајче по реката Црн Дрим во близина на струшкото село Ташмаруништа.
Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, до несреќата што се случила синоќа, дошло кога двете лица заедно со уште неколку други со чамец минувале покрај електричен далекувод.
Повредените, со тешки телесни повреди веднаш се пренесени во Општата болница во Струга.
Полициско-истражни органи денеска вршат увид на местото на настанот за да се утврдат причините поради кои се случила несреќата.
|