23.04.2013, 11:51 Бомбашки напад врз француската амбасада во Триполи
Напад со автомобил бомба е извршен денеска врз амбасдадата на Франција во либиската престолнина Триполи.
Двајца француски жандарми од обезбедувањето на амбасадата се ранети.
На зградата е нанесена значителна материјална штета.
Франција остро го осуди атентатот врз амбасадата во Триполи, пренесоа француските медиуми, кои ја цитираат изјавата на министерот за надворешни работи Лоран Фабиус.
Во неа се посочува дека Франција ќе соработува со либиските власти во разјаснувањето на околностите околу атентатот и идентификацијата на лицата кои го испланирале. |