Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
19.04.2013, 13:08
Владата ќе вработува 1.800 лица од социјални семејства



Работодавците ќе добиваат субвенции од по 200 евра за секој работник

Владата ќе поддржи 1.800 нови вработувања на млади лица од социјално ранливи семејства. Огласите ќе се објавуваат од следниот месец, па на секои два месеца, а вработувањата ќе се реализираат кај работодавци кои ќе поднесат барање до Агенцијата за вработување. Оваа нова мерка вчера ја објасни портпарол Александар Ѓорѓиев. Тој додаде дека се предвидени од 1.500 до 1.800 вработувања на лица на возраст од 19 до 29 години. За таа цел Владата ќе издвои три милиони евра во првите три години од имплементацијата.

„Работодавецот ќе ја добива субвенцијата во период од шест месеци со обврска лицето кое е вработено преку оваа м��рка да го задржи уште дополнителни шест месеци. Поддршката за работодавецот изнесува 14.000 денари за задоволување на бруто-платата и дополнителни 3.000 денари кои ќе бидат искористени за доквалификации“, посочи Ѓорѓиев.

Приоритет за субвенционирање ќе имаат лицата кои во текот на оформувањето на своето средно образование го користеле условниот паричен трансфер на Владата во висина од 12.000 денари на годишно ниво, но програмата ќе важи и за оние кои не користеле ваква поддршка. За имплементација на оваа владина мерка ќе бидат задолжени подрачните канцеларии на Агенцијата за вработување и центрите за социјална работа.

„Првиот оглас ќе се објави во почетокот на мај, а работодавецот ќе може да аплицира ако ги има намирено сите обврски кон државата. Агенцијата за вработување ќе го направи поврзувањето на барањата на фирмите за нови вработувања, а финалниот избор ќе биде оставен на фирмите“, рече Ѓорѓиев. (Ек.Р.)

Статијата е прочитана 734 пати.


Испрати коментар



Србија и Косово постигнаа договор во Брисел
Попоски - Македонија своевиден гуру на трпеливоста
„Македонски телеком“ откупи пет иновативни идеи
И по третиот круг Италија без нов претседател
Отворен патот за бизнис со Азербејџан
Уапсен Македонец за грабежи и киднапирање во Грција
Брисел ќе ја чека Македонија до јуни
На тендерот за ОХИС нема понуди
Од денеска почна да се врти вртелешката
Црна Гора го зголемува ДДВ-то од 17 на 19 отсто
(ФОТО) Промовирано првото мени на Брајово писмо
Ќе се зајакне системот за контрола на социјалната помош
Осомничените за нападот во Бостон се од Чеченија
Задолжителна употреба на биоразградливи ќеси
Иванов замина во Канада и Аризона
ПЕИ излезе од „Сојузот за иднината“
Убиен еден од осомничените за бостонските напади
Рен - Драго ми е што на Македонија и оди добро во економијата
Романо Проди за претседател на Италија
(ФОТО) Поплавени викендици на Тиквешко Езеро
ЕУ очеку��а прегласувањето да мине во слободна и организирана атмосфера
Инвеститорите од Азербејџан добродојдени во Македонија
Ројтерс по грешка објави некролог за Сорос
Трка на кеј во чест на жртвите на маратонот во Бостон
Мушараф уапсен за државна измама
ФБИ објави фотографии од двајца осомничени за нападот во Бостон
Груевски во посета на Азербејџан
Во експлозијата во Тексас загинале 14 луѓе
Полицаец убиен во кампусот на МИТ крај Бостон
(ВИДЕО) Слободан Богоевски уапсен за перење пари
Карл Билт - Најзагрижен сум за Македонија
Скопјанка ранета со пет куршуми, додека била на гости
Жерновски - Ќе се бориме до крај и ќе оствариме поубедлива победа



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 2°C

Делумно облачно

Сабота
Делумно облачно
Макс: 21°C, Мин: 6°C

Недела
Ведро
Макс: 22°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Ретровизор | Саботен магазин |