18.04.2013, 14:13 Лејкерси на крајот седми на Западот
„Езерџиите“ со победа над Хјустон (99:95) по продолжението ги скокнаа Рокетси. Јута се збогува со плеј-офот, беше поразена кај Мемфис со (86:70)
Последните средби од регуларниот дел во НБА лигата го дадоа одговорот на долго поставуваното прашање кој со кого ќе игра во плеј-офот. Иако на програмата беа 15 натпревари, сепак сите погледи беа свртени кон битката за последното место во Западната конференција, а таа се водеше помеѓу Лос Анџелес Лејкерс и Јута Џез.
„Езерџиите“ овој дел од сезоната ќе го паметат долго време. Ако во поголем дел од регуларниот дел дури и самите помислуваа дека ќе доживеат дебакл, пред стартот на мечот против Хјустон им се случи неочек��ваното. Стигна најдобрата информација - нема да играат елиминациски натпревар. За ова се погрижи Мемфис кој на домашен терен ја совлада Јута со 86:70 која со скор 43-39 немаше шанси да го стигне директниот конкурент за влез во плеј-офот. Тимот од Лос Анџелес пред мечот со Рокетси имаше 44 победи и 37 порази.
Откако во „Стејплс центарот“ беше прославен влезот во доигрувањето, момците на тренерот Мајк Дантони растеретени од големиот притисок им преостана да се борат за седмото место, кое го дофатија откако во Хјустон по продолжението славеа со 99:95 и за противник го добија Сан Антонио.
Рокетси на крајот го освоија последното плеј-оф место на Западот каде го чека тимот на Оклахома.
Инаку во Лос Анџелес се одигра доста интересен натпревар со крајно неизвесен финиш, во регуларниот дел играчот на Хјустон Чендлер Парсонс со тројка се избори за продолжение, а таму „езерџиите“ беа подобри.
„Свесни сме дека против Сан Антонио ќе биде многу тешко бидејќи станува збор за одличен тим. Но, веруваме во себе, во она што сме способни да го направиме“, изјави по средбата Пол Гасол кој средбата ја заврши со трипл-дабл од 17 поени, 20 скока и 11 асистенции. Покрај него повторно на ниво на задачата беше Стив Блејкс со 24 поени и седум скокови и асистенции, Двајт Хауард застана на 16 поени, но имаше одлични 18 скока. Кај Рокетси Џејмс Харден со 30 поени беше прво име на теренот.
Мемфис до триумфот над Јута Џез дојде најмногу поради добрата игра во третата четвртина, ја добија со 25:13, а во последните 12. минути влегоа со позитива од 66:51.
„Секогаш постои разочарување кога нема да успеете да влезете во доигрувањето кое беше наша цел од стартот на сезоната. Разочарувачки е што не успеавме во тоа. Имавме шанса, но работата не ја завршивме како што треба“, рече тренерот на Јута Тајрон Корбин.
Зек Рендолф со 25 поени и 19 скока беше најдобар во редовите на Гризлис кои завршија на петото место во конфренеција и во првата рудна за противник го добија Лос Анџелес Клиперс, кој дојде до многу важна победа. Клиперси на гостувањето кај Сакраменто славеа со 112:108 за зацврстување на четвртото место во Западот.
Резултати: Денвер - Феникс 118:98, Шарлот - Кливленд 105:98, Чикаго - Вашингтон 95:92, Далас - Њу Орлеанс 99:87, Оклахома - Милвоки 89:95, Бруклин - Детроит 103:99, Торонто - Бостон 114:90, Сан Антонио - Минесота 95:108, Индијана - Филаделфија 95:105, Мајами - Орландо 105:93, Њујорк - Атланта 98:92, Мемфис - Јута 86:70, Портланд - Голден Стејт 88:99, Лос Анџелес Лејкерс - Хјустон 95:99 (прод.), Сакраменто - Лос Анџелес Клиперс 108:112.
Плејоф двојки - 1. рунда:
Исток: (1)Мајами - (8)Милвоки, (2)Њујорк - (7)Бостон, (3)Индијана - (6)Атланта, (4)Бруклин - (5)Чикаго.
Запад: (1)Оклахома Сити - (8)Хјустон, (2)Сан Антонио - (7)Лејкерс, (3)Денвер - (6)Голден Стејт, (4)Клиперс - (5)Мемфис.
|