Капитенот на македонската репрезентација со голот во 33. минута му донесе значаен бод на Наполи (1:1) на гостувањето на „Сан Сиро“
Со петтиот сезонски гол постигнат синоќа на гостувањето против Милан, капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев му донесе значаен бод на својот Наполи во борбата за задржување на втората позиција на табелата.
Директниот конкурент на Наполи, тимот на Милан поведе во 30.минута преку Метју Фламини, а Пандев изедначи три минути подоцна и ги постави конечните 1:1.
Со освоениот бод Наполи ја зачува предноста од четири бода пред Милан во обид да избори директен пласман во Лигата на шампионите.