18.04.2013, 12:52 Антиќ и Олимпијакос ја испуштија првата меч-топка
Бранителот на титулата загуби на гости кај Анадолу Ефес (83:72) во третиот натпревар од четврт финалната серија
Бранителот на титулата Олимпијакос не успеа да уште во третиот четврт финален меч да обезбеди место на завршницата во Лондон откако на гостувањето кај Анадолу Ефес беше поразен со 83:72. Клучно за победата на турскиот гигант предводен од Октај Махмути беше крајот на на втората и почетокот на третата четвртина во која истанбулскиот состав направи серија и обезбеди убедлива предност за на крајот да намали на 2-1 во четврт финалната серија.
„Му честитам на Ефес за победа. Што се однесува до нас ние не го отворивме добро натпреварот, загуб��вме контрола особено на стартот на второто полувреме. Пробавме да се вратиме по 19 поени разлика, но Ефес направи неколку клучни шутеви откако намаливме на седум поени. Нашиот противник имаше подобра реализација во шутот за три поени, што пак беше клучно за победата. Не успеавме да ги сопреме“, изјави по мечот Перо Антиќ. Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација во игра мина нецели 16. минути за кои постигна пет поени (0/4 за три, 1/2 за два, 3/ за еден поен), додаде три скока и една асистенција.
Четвртата средба се игра веќе вечерва, а доколку Олимпијакос не успее да дојде до победа, влезот ќе го бара во Атина за каде е предвидено да се одигра последниот меч.
Каха Лаборал максимално ја искористи предноста на домашен терен славеше над ЦСКА со 93:72 и намали на 2-1 во серијата.
|