Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
18.04.2013, 15:34
Карл Билт: Најзагрижен сум за Македонија



Според шведскиот шеф на дипломатијата состојбата во нашата земја е неодржлива и може да се влоши натаму

Шведскиот министер за надворешни работи, Карл Билт е позагрижен за Македонија отколку за било која било друга земја соочена со политичка криза во регионот. Ваквата загриженост тој ја искажал во интервју за телевизијата Ал Џезеира за време на неговиот престој деновиве во Загреб. Во интервјуто Билт оценил дека моменталната состојба во нашата земја е неодржлива и дека постои ризик таа да се влоши уште повеќе ако наскоро не се најде решение во спорот за името со Грција и за внатрешните проблеми, особено посочувајќи ги настаните околу 24 делември.

„Тоа ќе влијае на Македонија, но може да има последици и за регионот. Тоа значи дека моментално сум повеќе загрижен за долгорочната ситуација во Македонија отколку за ситуацијата во која било друга земја во регионот“, рекол Билт во силна „конкуренција“ на кризите во БиХ и таа околу Србија и Косово. Според него, оваа состојба бара меѓународен ангажман, покрај тој на медијаторот на ОН, но подразбира исто така лидерите на Скопје и на Атина да бидат во состојба да преземат неопходни чекори околу спорот.

Изјавата на Билт е илустрација на алармот во меѓународната заедница за испреплетување на кризите во регионот, и тоа повеќе од границите на Западниот Балкан. Освен проблемите во Македонија, Филе има комплексни проблеми во Албанија во која на 23 јуни треба да се одржат парламентарни избори за кои двете водечки партии водат рововска битка, а како трета по сила се очекува да се пласира фашистичката Црвено-црна алијанса чија програмска определба е референдум за обединување на Албанија и Косово. Бугарија ја тресе „вотергејт скандал“ во чиј центар е експремиерот Бојко Борисов и неговата влада, откако лидерот на социјалистите непосредно пред изборите на 12 мај објави дека биле прислушувани од власта претседателот на државата Росен Плевнелиев, еврокомесарката Кристалина Георгиева, Ахмед Доган, Иван Костов, Георги Прванов и други функционери.

Преговорите меѓу Србија и Косово во медиумите беа прокоментирани како „последна рунда на неуспех“, додека Грција се соочува со опасен пораст на популарноста на радикалните партии и е под притисок да ја забрани Златна зора за да не се најде во Парламентот или во власта. (С.Ј.)

Статијата е прочитана 6015 пати.


Испрати коментар



Србија и Косово постигнаа договор во Брисел
Попоски - Македонија своевиден гуру на трпеливоста
„Македонски телеком“ откупи пет иновативни идеи
И по третиот круг Италија без нов претседател
Отворен патот за бизнис со Азербејџан
Уапсен Македонец за грабежи и киднапирање во Грција
Брисел ќе ја чека Македонија до јуни
На тендерот за ОХИС нема понуди
Од денеска почна да се врти вртелешката
Црна Гора го зголемува ДДВ-то од 17 на 19 отсто
(ФОТО) Промовирано првото мени на Брајово писмо
Ќе се зајакне системот за контрола на социјалната помош
Осомничените за нападот во Бостон се од Чеченија
Задолжителна употреба на биоразградливи ќеси
Иванов замина во Канада и Аризона
Владата ќе вработува 1.800 лица од социјални семејства
ПЕИ излезе од „Сојузот за иднината“
Убиен еден од осомничените за бостонските напади
Рен - Драго ми е што на Македонија и оди добро во економијата
Романо Проди за претседател на Италија
(ФОТО) Поплавени викендици на Тиквешко Езеро
ЕУ очекува прегласувањето да мине во слободна и организирана атмосфера
Инвеститорите од Азербејџан добродојдени во Македонија
Ројтерс по грешка објави некролог за Сорос
Трка на кеј во чест на жртвите на маратонот во Бостон
Мушараф уапсен за државна измама
ФБИ објави фотографии од двајца осомничени за нападот во Бостон
Груевски во посета на Азербејџан
Во експлозијата во Тексас загинале 14 луѓе
Полицаец убиен во кампусот на МИТ крај Бостон
(ВИДЕО) Слободан Богоевски уапсен за перење пари
Скопјанка ранета со пет куршуми, додека била на гости
Жерновски - Ќе се бориме до крај и ќе оствариме поубедлива победа



miki, 18.04.2013 15:54:57
A Grujo i kompanija pet pari ne davaat..........
Sumnjichav, 18.04.2013 16:45:39
A na Grujo oko ne mu trepnuva! Dodusha, najavi roud-shou niz Juzna Amerika, a poznato e shtom toj bega, neshto ke se sluchi. Ako se smirat strastite, ke se vrati, vo sprotivno ke si ostane tamu. Briga go za Makedonija! Iljada pati go toa pokaza i dokaza, a ovoj narod go i ponatamu glasa. Po se shto stori, se mi zalichuva na nekoj grchki Zorge. Ni Branko, ni grkot Zorba, za Grcija ne storija ni od daleku onolku kolku shto stori Grujo so svoite (ne)namerni gluposti. Pa kako da se chovek ne somneva?
pile, 18.04.2013 17:05:43
Zagrizjenosta na svetskite diplomati za sostojbite vo Republika Makedonija od rangot na G-din K.Bild od prijatelska Svedska e osnovan,posebno ako se ima vo predvid deka od site opisani regionalni problemi ama bas nikoj ne e izostaven a da ne e prisuten vo R.Makedonija.Zapocnuvajki od prevzemanje na vlasta od strana na VMRO DPMNE od 2006 godina i ekstremnata politizacija na sekoj segment od sistemot pretvorajki go vo rezjim i spravuvajki se so sekoj sto ne e istomislenik ili partiskji igrac, preku prislusuvanje na Ljube Boskovski za vreme na politicka kampanja a so toa i na celata opozicija, pa do Ustavni povredi-vidlivi nema potreba od Komisija so brkanje na novinari od sobraniska sala i sprecuvanje za vrsenje na obvrskite,(drugite Ustavni povredi storeni od Vladata so neprevzemanje aktivnosti za jaknenje na poziciite na R.M.vo pregovarackiot proces koj ke gi istrazjuva.Ne e daleku periodot na prisustvo na megjunarodni misii vo R.M. kako ,,Proksima so siroki ovlastuvanja.NAPRED
kanadanec, 18.04.2013 19:14:09
E siguren sum deka son ne te faca od sekiracija za mkd
Подгор, 18.04.2013 19:57:45
Може да биде загрижен само оној кој и мисли добро на Македонија Сите оние кои кажваат дека Македонија направила напредок во демократските процеси а сум сигурен дека тоа не го мислат всушност не и ислат добро на Македонија ами се грижат за својата кариера Но тоа е краткороЧно како ученик кој добил прелазна а не ја заслужил Тоа всуШност наставникот не сака да биде одговорен за тоа Што не го научил да добие барем двојка Билд го сметам за искрен пријател на Македонија
Дејан, 18.04.2013 20:14:13
Загрижи се ти Г-дине Билт за Шведска а не за нашата Македонија. Кај нас се е супер времето е екстра а кај вас? А бе да не се престанало да врне , јазк да ви е. А бе што земја ке бевте вие таму Скандинавија? Дај ке ве молам малку подсредете се. Е##те швеѓани, е##бате, за наша мила Македонија (не е салата, земја е) ОНИ ке се грижеле. Па од нас позагрижени нема,бе,суртуци едни. Ај средете се вие малку таму горе Скандинавија, па кога ке ги достигнете нашиве СТАНДАРДИ , тогаш јавете се. Ех, таа моја чудесна земја Манчедонија
George, 18.04.2013 21:05:38
Чудно, јас пак сум загрижен за ЕУ, за финансиската криза, за постојаното цицање пари од страна на овцата од Атина и јагнето од Кипар, за се повеќето невработени во ЕУ, за двојните аршини и непринципиелноста, за непочитување на основните човечки права во некои членки на ЕУ, за демократијата на хартија, а кратковидоста во врска со случувањата внатре во ЕУ и во блиското сосдество, итн. итн., како и за вакви експерти. Освен, се разбира, ако не сакаат да ни кажат меѓу редови дека се спрема нешто големо (100 години после) и дека треба да бидеме спремни. Би било добро кога новинарите би се обиделе да прочитаат помеѓу или зад редови и по можност да обелоденат нешто.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 2°C

Делумно облачно

Сабота
Делумно облачно
Макс: 21°C, Мин: 6°C

Недела
Ведро
Макс: 22°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Ретровизор | Саботен магазин |