19.04.2013, 12:11 Французинката Пино во Вардар СЦБТ
Средниот бек на романски Олтким Валчеа ја зголеми француската колонија во македонскиот ракометен вицешампион
Алисон Пино (23) е најновата аквизиција на Вардар СЦБТ за следната сезона. Средниот бек на романски Олтким Валчеа ја зголеми француската колонија во македонскиот ракометен вицешампион, за кој претходно потпишаа Амандин Лејно, Сираба Дембеле и Клодин Менди. Таа потпиша едногодишен договор со црвено-црните, со можност за негово продолжување.
Пино во 2009 година од ИХФ беше прогласена за најдобра ракометарка во светот, а беше избирана и во идеалната седморка на мундијалите во 2009 и во 2011 година како најдобар плејмејкер. Тогаш со „триколорите“ освои два сребрени медала, како и петт�� место лани на Олимписките игри во Лондон и деветто на Европското првенство во Србија во декември.
Пред да замине за Романија, две сезони играше за Мец, каде што дојде од Изи ле Мулино. (Р.Д.)
|