Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
19.04.2013, 15:28

„Хеда Габлер“ и „Дива“се подготвуваат во Битолскиот народен театар

Анета Блажевска

Битола - Битолскиот народен театар за време на локалните избори доби уште четири нови актерски имиња, вработени се младите актери: Александар Стефановски - синот на доајенот на Битолскиот театар, Илко Стефановски, Марјан Ѓеоргиевски, популарен по неговите стендап-комедии, Борче Ѓаковски - синот на познатиот актер Сребре Ѓаковски, како и Катерина Аневска. Во последните три години во Битолскиот народен театар се вработени вкупно 12 актери и исто толку помошен персонал, податок кој раководството гордо го потврдува. „Владата објави конкурс за примање на четворица актери, се направија аудиции, потоа имаше локални избори. Не сакавме да го нарушиме молкот околу сето тоа, но еве еден месец тие се вработени во театарот. Со ова театарот брои 74 члена од кои 24 се актери. Можам да констатирам дека ваква процентуална вработеност немало ниту во првите години од формирањето на театарот“, потврди Валентин Светозарев, директор на Битолскиот народен театар.

„Хеда Габлер“ од Хенрик Ибзен, во режија на Ѕвезда Ангеловска, и „Дива“ од хрватскиот драматург Марјана Нола, во режија на Софија Ристевска, се двете претстави кои моментно се подготвуваат на сцените на овој театар.

„Во денешно време да се игра класика е мошне сложено од многу аспекти. Идејата за оваа претстава е токму актерска. Оваа хероина е и антихероина и, како што прави самиот автор, поставува прашања, а не дава одговори“, рече режисерката Ангеловска. Премиерата на „Хеда Габлер“ се очекува кон средината на мај, а во неа главната улога и' е доверена на Габриела Петрушевска.

Битолскиот театар со претставата на Бранко Брезовац „Травничка хроника“ летово ќе патува за Хрватска каде што ќе биде прикажана во рамките на манифестациите за влегувањето на Хрватска во ЕУ. „Од 2 до 10 април оваа претставата ја погледнаа десетици селектори од регионот, а ние и го потврдуваме нашето гостување на ’Еуроказ‘ во Загреб на 1 јули“, рече Светозарев, додавајќи дека извесно е гостувањето на оваа претстава и на Истанбулскиот театарски фестивал во мај идната година.


Статијата е прочитана 150 пати.


Испрати коментар



Позитивно лудило на концертот на „Ла Колони Волвокс“
(ФОТО) Изложбата на Хенри Мур собра многу публика
Со „Кругови“ стартува „Скопски филмски фестивал“
Роман Абрамович доби ќерка со Даша Жукова
„Фиром реквием“ - концерт со нови дела на Александар Пејовски
„Локомотива“ и ЦАЦ добија награди од Швајцарската програма за култура
„Убиј ги децата“ доби Гран-при на „Лица без маски“
Концерт на „Ла Колони Волвокс“ и промоција на албумот „АЕИОУ“
Македонски филмови на „Скопски фестивал“
Премиера на „409“ на Даријан Пејовски
„Изгубени Германци“ за отворање на Фестивалот на монодрама
Изложба на Стефан Димовски во Музејот на Град Скопје
(ВИДЕО) Англиско-ромска верзија на „Пред да се раздени“
(ВИДЕО) Дали „Џентлмен“ е новиот „Гангнам стајл“
Претстави на првите дипломци по современ танц
Анушка Шанкар и Кимо Похјонен на „Оф-фест“
(ФОТО) Финале со парискиот шарм на „М Кутур“ од Мила Кадриу
(ФОТО) Катарина Ивановска - Најсекси се чувствувам кога сум гола
Прво интервју со сопругата на Стив Џобс по неговата смрт
Почина британски диригент Сер Колин Дејвис

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 2°C

Делумно облачно

Сабота
Делумно облачно
Макс: 21°C, Мин: 6°C

Недела
Ведро
Макс: 22°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Ретровизор | Саботен магазин |