15.04.2013, 12:37 Прво интервју со сопругата на Стив Џобс по неговата смрт
„Неговото приватно наследство за мене и за децата е улогата на сопруг и татко и тоа ни недостасува секој ден“, рекла Лорин за Ен-Би-Си
Вдовицата на Стив Џобс, Лорин Пауел Џобс, го дала првото интервју по смртта на нејзиниот сопруг Стив во 2011 година. „Неговото приватно наследство за мене и за децата е улогата на сопруг и татко и тоа ни недостасува секој ден“, рекла Лорин за Ен-Би-Си.
Лорин моментално го промовира документарниот филм, кој се занимава со правата на имигрантите во САД. Имено, моментално е во подготовка закон кој ќе им овозможи на децата на илегалните имигранти кои се родени во САД да добијат државјанство. „Се вклучив во целата приказна околу реформата на имиграцијата, зашто е огромна штета така да се отфрлаат човечки животи и потенцијали“, објаснува сопругата на Џобс.
Лорин и режисерот Дејвис Гугенхајм го промовираат филмот „Сонот е сега“, кој беше промовиран во неделата, на каналот МСНБЦ. Инаку „Епл“ е познат по борбата за човековите права. Така компанијата донирала 100.000 долари за борба против хомофобијата и поттикнување истополови бракови.
|