15.04.2013, 12:51 (ФОТО) Катарина Ивановска: Најсекси се чувствувам кога сум гола
Најуспешниот македонски топ модел Катарина Ивановска е претставена на страницата на познатото списание „Sports Illustrated“, во делот насловен „Swim Daily“
Најуспешниот македонски топ модел Катарина Ивановска е претставена на страницата на познатото списание „Sports Illustrated“, во делот насловен „Swim Daily“. Во текстот посветен на Ивановска се вели дека Катарина има импресивно резиме за една 24-годишна девојка.
„Откако почна нејзината кариера на 16 годишна возраст, таа се појавува во едиторијали како италијанско, шпанско, руско, јапонско и индиско и��дание на Вог, Ел, Гламур, Венити Фер... Има работено за некои од најголемите модни куќи во светот вклучувајќи ги Долче и Габана, Кристијан Диор, Валентино, Ралф Лорен, Гучи, Кавали...“
второт на текстот не заборава да го спомене и нејзиното филмот деби во „Трето полувреме“, а во продолжение на текстот одат и повеќе одговори на различни кратки прашања кои ја опишуваат нашата топ моделка. На прашањето без што не излегува од дома, Кики вели дека тоа е мобилниот телефон, омилена музика која ја слуша во моментов- и се сите песни од Бруно Марс...
Открива и дека се плаши од темница, а се чувствува најсекси кога е гола! Доволна провокација не само за читателите на „Sports Illustrated“, туку и за сите нејзини фанови од целиот свет.
|