21.04.2013, 15:26 Хепенинг за Европската недела на имунизација
Со музички и едукативен хепенинг во Градскиот парк денеска почна одбележувањето на Европската недела на имунизација под мото „Спречи, заштити, вакцинирај! Заштити го светот, вакцинирај се!“. Целта на настанот, според раководителот на Секторот за превентивна здравствена заштита Јованка Костовска, е да се подигне свеста кај населението за бенефитите од вакцинирањето. Потребата да се вакцинираат децата, како што нагласи таа, не само што е законска обврска, туку е и право на секое дете да биде заштитено од тешки заразни заболувања.
„Уште еднаш ги повикуваме и охрабруваме родителите дека вакцините во Македонија се безбедни, од најреномирани производители. Да ги вакцинираат своите деца и понатаму државата да биде меѓу земјите лидери кои имаат висок опфат на имунизација. Со тоа многу болести се искоре��ети и нема да се вратат, а ќе имаме здраво поколение“, рече Костовска.
Во рамки на активностите за одбележување на неделата на имунизација, најави дека нивни екипи ќе бидат на терен и ќе откриваат невакцинирани деца од рурални средини, ромска популација и други деца кои воопшто не се евидентирани или не се вакцинирани. Родителите кои одбиваат вакцинирање на децата се казнуваат со 500 евра, по пријава на инспекцијата, и засега околу 200 случаи се на суд за одбивање различни видови вакцини.
Неделата на имунизација ќе трае до 27 април, а за денеска е предвиден стручен состанок на епидемиолози кои ќе разговараат за опфатот на вакцинирани и за проблемите што треба да се надминат. (С.Р.)
|