Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
22.04.2013, 12:21

Иванов на отворање три улици со македонски имиња во Канада



Претседателот во општина Маркам присуствуваше на церемонија на отворање три улици кои ќе ги носат имињата „Битола“, „Пелистер“ и „Даме Груев“

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во канадската општина Маркам присуствуваше на церемонија на отворање три улици кои во чест на македонската заедница ќе ги носат имињата „Битола“, „Пелистер“ и „Даме Груев“.

Претходно, соопшти Кабинетот на претседателот, се одржа церемонија на подигнување на македонското знаме пред Граѓанскиот центар на општината Маркам проследено со интонирање на химните на Канада и на Македонија.

- Македонскиот град Битола е познат како градот под Пелистер. Не случајно, веднаш до улицата „Битола“ има уште една улица со македонски топоним – „Пелистер“. Како во Македонија, така и овде, во Канада, „Битола“ се наоѓа под „Пелистер“. Но, постои една друга, суштинска сличност, а тоа е посветеноста кон мултиетничкиот, и мултирелигискиот и мултијазичниот соживот на сите граѓани. Секоја на својот начин, Македонија и Канада, се посветени на моделот на интеграција без асимилација. Модел што е присутен и тука, во Маркам. Модел што ви овозможува вам, Македонците од дијаспората да ги чувате, градите и унапредувате нашите македонски традиции, јазикот, културата, рече Иванов во обраќањето пред повеќе од 100 учесници од македонската заедница и претставници на општината.

Вие, посочи Иванов, сте сликата за Македонија во Маркам, во Онтарио, во Канада.

- Вие сте дел од Македонија, како што Македонија е нераскинлив дел од својата дијаспора. Ве охрабрувам да продолжите да придонесувате кон ова прекрасно место и да ја одржувате позитивната слика за нашата заедничка татковина Македонија, истакна Иванов.

Македонскиот претседател упати благодарност до градските татковци на Маркам, оценувајќи дека со именувањето на овие улици придонесуваат кон зацврстувањето на односите меѓу двете пријателски земји.

- Моите домаќини ми кажаа дека уште од своето формирање, пред повеќе од два века, градот Маркам бил отворен за луѓе од различна етничка, верска и културна припадност. Тие со себе го донесоа и креативниот потенцијал и го инвестираа во овој прекрасен град, рече Иванов.

Потенцира дека Македонија, пак, својата посветеност кон различноста ја негува со векови и милениуми.

- Траги од тој македонски придонес има и во Маркам. Впрочем, недалеку од тука се наоѓаат едно основно и едно средно училиште, кои го носат името на мајката на 20 век – Мајка Тереза. Таа се роди и израсна во Скопје, Македонија. Нејзината родна куќа беше опкружена со католичка црква, православна црква, еврејска синагога и муслиманска џамија. Религиската толеранција во која таа израсна влијаеше на нејзиниот хуманизам, кој му го подари на светот“, додаде претседателот Иванов.

Локалните власти на Маркам најавија дека во чест на претседателот Иванов ќе засадат дрво на улицата „Пелистер“.

Во рамки на церемонијата, потпишан е Меморандум за разбирање во областа на културата и туризмот меѓу Република Македонија и провинцијата Онтарио од страна на македонскиот амбасадор во Канада, Љубен Тевдовски и министерот за култура и туризам на Онтарио, Мајкл Чен.

Претходно, претседателот Иванов ја посети болницата „Маркам Стоуфвил“.

Исто така, претседателот Иванов присуствуваше на утринската неделна богослужба во црквата „Св. Димитрија Солунски“ во Маркам, со која чиноначалствуваше митрополит Методиј од Американско канадската епархија на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија.

Иванов денеска заминува за Отава каде се најавени средби со претседателот на Македонско-канадската група за пријателство во Парламентот на Канада, Владислав Лизон и членовите на групата. Најавен е и прием во чест на претседателот Иванов во Националниот центар за уметности.





Статијата е прочитана 1008 пати.


Испрати коментар



Израелски систем капка по капка и во Пелагонија
Промовирана мобилна гинеколошка амбуланта
„Арселор-Митал“ гаси четири високи печки во Франција
Мртов маж пронајден во депонија во Скопје
Најдобри општествено одговорни компании
Катарците заинтересирани за соработка во македонски компании
Почнува реконструкцијата на фасадата на зградата на Владата
Уапсен најбараниот педофил на светот
(ФОТО) ВМРО ќе добие нова шесткатница со видиковец
Демолиран автомобилот на братот на убиениот рибар кај Смилковци
Ули Хенeс ја разочара Меркел
Кери ја налути Анкара за Појасот Газа
Името во фокусот на средбата Аврамопулос - Кери
„Скопје травел маркет“ од 25 до 27 април
Иванов - И привилегиите, а не само ризиците од НАТО
Шпанија уапси двајца осомничени исламисти
Бомбашки напад врз француската амбасада во Триполи
Осквернавена црквата „Св. Георгиј“ во Лазарополе
Џохар Царнаев го обвини брат му за организање на бостонските напади
Попоски во Брисел на состанок на НАТО за ИСАФ
ОМД - Поголема гласност за Македонија во Конгресот
Во Канада спречен голем терористички напад
„Скопје 2014“ чини 207 милиони евра
Ѓорѓи Сламков на чело на Антикорупциска
Одлуката за датум за Македонија одложена за јуни
Аврамопулос - Возите риквец, наместо кон ЕУ
Таткото на бостонските напаѓачи пристигнува во САД
Од Белгијци ќе гледаме како се управува со отпадот
МОСТ - Гласањето ефикасно, но на одредени места тензично
Изет Зеќири се повлекува од пратеничкото место
Обуки за невработените од 40 до 49 години
(ФОТО) Србите на Косово ќе бараат автономија!
Лустрирани тројца поранешни носители на јавни функции
Вељаноски - Македонија да ги почне преговорите за членство во ЕУ
Прецизирани здравствените прегледи за вработените
Косовските Срби не го прифаќаат договорот од Брисел
Изненадувачки пад на цената на горивата
МНР го поздрави договорот меѓу Србија и Косово
Малите парцели проблем на македонското земјоделство
Вујановиќ сепак реизбран за претседател на Црна Гора
ЕК препорача датум за преговори сo Србија
„Луфтханза“ ги откажа речиси сите летови поради штрајк
Две лица тешко повредени од струен удар на Глобочица
Во Гвантанамо се` уште се штрајкува со глад
Договорот ги мина владата во Србија и парламентот во Косово
Деветмината киднапирани во Авганистан се главно Турци
ФБИ под притисок по бостонскиот напан
Дијаспората бара од Хаг да ги отвори случаите за ОНА од 2001
Советот на министри на ЕУ одлучува за извештајот за Македонија
ДИК ги соопшти првичните резултати
МОСТ - Гласачи од други општини
ВМРО-ДПМНЕ објави победи во Долнени и Ѓорче Петров
Сокол Митровски со нов градоначалнички мандат во Ѓорче Петров
Редици од Пустец!
Жерновски прогласи победа во Центар
ДПА објави победа на Села во Струга
ДИК - Одѕивот до 17 часот e 53,73 отсто
ЕУ извори - Србија ќе добие датум
ДИК - Излезноста до 13 часот изнесува 33,41 отсто
Го убил синот, го ранил соседот, па си пресудил
Хепенинг за Европската недела на имунизација
Иванов - Нема компромис за достоинството
Се намалиле работниците со скратено работно време
ДИК - Одѕивот до 10 часот изнесува 10,89 отсто
Најмалку 203 луѓе загинаа во земјотресот во Кина
Џохар Царнаев е ранет во врат
ЦИВИЛ - Прегласувањето во Центар почна со нерегуларности
Одбележување на Денот на планетата Земја
Денеска се прегласува во Центар, Струга и Ѓорче Петров
Џорџо Наполитано избран за претседател на Италија
Сарачини ја презентираше владината програма за развој на општините
Петгодишно девојче киднапирано и силувано во Индија
Нова спортска сала за универзитетот „Св. Кирил и Методиј“
МОСТ со 130 монитори ќе го набљудува гласањето
Стејт департментот со остри оценки за Македонија
Ставрески и Богов задоволни од разговорите во ММФ и Светската банка
Первез Мушараф останува во притвор уште две недели
Уапсен и вториот осомничен за бомбашките напади во Бостон
Најмалку 70 загинати во земјотрес во Кина
Гласаат изнемоштените и болните лица
Иванов - Македонскиот модел на мултикултурализам е пример за нашиот регион
Србија и Косово постигнаа договор во Брисел
Попоски - Македонија своевиден гуру на трпеливоста
„Македонски телеком“ откупи пет иновативни идеи
И по третиот круг Италија без нов претседател
Отворен патот за бизнис со Азербејџан
Уапсен Македонец за грабежи и киднапирање во Грција
Брисел ќе ја чека Македонија до јуни
На тендерот за ОХИС нема понуди
Од денеска почна да се врти вртелешката
Црна Гора го зголемува ДДВ-то од 17 на 19 отсто
(ФОТО) Промовирано првото мени на Брајово писмо
Ќе се зајакне системот за контрола на социјалната помош
Осомничените за нападот во Бостон се од Чеченија
Задолжителна употреба на биоразградливи ќеси
Иванов замина во Канада и Аризона
Владата ќе вработува 1.800 лица од социјални семејства
ПЕИ излезе од „Сојузот за иднината“
Убиен еден од осомничените за бостонските напади
Рен - Драго ми е што на Македонија и оди добро во економијата
Романо Проди за претседател на Италија
(ФОТО) Поплавени викендици на Тиквешко Езеро
ЕУ очекува прегласувањето да мине во слободна и организирана атмосфера
Инвеститорите од Азербејџан добродојдени во Македонија
Ројтерс по грешка објави некролог за Сорос
Трка на кеј во чест на жртвите на маратонот во Бостон
Мушараф уапсен за државна измама
ФБИ објави фотографии од двајца осомничени за нападот во Бостон
Груевски во посета на Азербејџан
Во експлозијата во Тексас загинале 14 луѓе
Полицаец убиен во кампусот на МИТ крај Бостон
(ВИДЕО) Слободан Богоевски уапсен за перење пари
Карл Билт - Најзагрижен сум за Македонија
Скопјанка ранета со пет куршуми, додека била на гости
Жерновски - Ќе се бориме до крај и ќе оствариме поубедлива победа



Mark, 22.04.2013 12:43:36
Bravo Pretsedatele! Ulicite i ucilistata vo Skopje so Albanski iminja ama vo Kanada so *patrioticeski*! E arno sto so vreme ni pokazuvas sto ne ceka i kade ni e patot..
Itar Pejo, 22.04.2013 13:28:30
Srbija vleguva vo EU, nasiot Predsedatel vo drustvo na gradonacalnikot na nekoja opstina vo Kanada. Toa li e rabota na Predsedatel, vo drustvo na nekolku badijaldjii, da se odusevuva deka imalo ulica Bitola? Dosol li nekoj Predsedatel na drzava zatoa sto vo Skopje ima ulica so naziv od negovata zemja? Mizerija!
pretsedatel za dekor, 22.04.2013 13:53:15
Dodeka sosednite drzhavi shibaat napred vo prosperitet (Srbija, Kosovo), nie ko mali deca kje se raduvame shto pretsedatelot otishol nekade i tamu imenuvale ulichki so nashi iminja, bre, bre, mnoooogu golem uspeh. Rabota na Pretsedatelot e da ja vodi drzhavata napred, a ne da izigrava dekor!
od bitolcanka, 22.04.2013 21:49:57
presedatelo makedonski se izradyva za iminata na ylicite sto gi stavija vo kanada a dali presedatele my kaza na dijasporata vo kanada deka vie gi smenafte iminata na skolite vo makedonia i stavifte imina na teroristi yck ili ti bese sram dago kazis to
sloboden, 23.04.2013 05:13:06
Vo slobodniot svet malcinstvata se neguvaat i se pomagaat da si ja zacuvaat kulturata i tradicijata,kaj nas istiov primer od Kanada se narekuva predavstvo ili deka nesto nekomu davame,zatoa sme tamu kaj sto sme,siromasni i bedni.
Tina, 23.04.2013 06:56:49
Eve shto rabotat Makedoncite vo Kanada. Si ja gledad zemjata kade zivotot e stabilen i promising. Donacija na Bolnica e blagodarnost na drzavata. Ubavo i zasluzuvachko. Bravo. Se prasham, kolku nashite etnichki gragani doprinesuvat i donirat vo zemjata deka ziveat so mir i uspeh, po nijni celi? Ili tie ziveat samo za urnisanje na zzemjata koja im dade mnodu sloboda i pravda na isti nivo so site gragani. A sega shto imame od niv? Ajde da slusnam neshto dobro. Sekogash i sekade, Makedoncite se fer i miroljubiva nacija ljuge.
Zvonko, 23.04.2013 07:33:31
Sekoi cestitki za Makedoncite od Ontario Kanada.I iminjata na mali ulicki znacat mnogu za nacionalniot identitet,a Vie isto taka se zdruzivte da imate i predstavnik vo kandskiot Parlament.Bravo za komentarot na Bitocanka,a za zalenje onoj mutav pejo,a sigurno e istiot pod psevdonim pretsedatel za dekorso mozeren komentar za onie koi toa go uspeale,ama slatki mu se doznakite od tiebadijaldzii.Za nivoto na Pretsedatelceto treba drug da se grizi bidejki toj ne e dorasnat za toa,duri e i premnogu sto i bil docekan od vas vo odnos na ona sto go storil za vas,a za drzavickata ni mala.Uste ednas bravo za iselenicite od Bitoslko koi ziveat na ulica Bitola pod Pelister vo Kanada.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 6°C

Ведро

Среда
Делумно облачно
Макс: 26°C, Мин: 9°C

Четврток
Сончево
Макс: 27°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
Бомбашите од Бостон планирале и други напади
Републиканците побараа одговори на прашањето дали ФБИ потфрлилo во истрагата за радикалните исламисти...
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |