22.04.2013, 14:44 (ФОТО) Србите на Косово ќе бараат автономија!
„Бидејќи од овде нема назад“ пишува на еден од графитите во центарот на српскиот дел на Митровица.
Од нашиот известувач Димитар Чулев
Косовска Митровица - „Каде одиш Србијо без – срце“„Не на законите и уставот на Косово“, „Не сакаме држава Косово“ се само некои од десетиците транспаренти истакнати на големиот народен собир во српскиот дел на поделената Косовска Митровица, на кој неколку илјади граѓани го изразија својот револт од постигнатиот договор меѓу Белград и Приштина минатиот петок а парафиран од премиерите Ивица Дачиќ и Хашим Тачи.
ФОТО: Петр Стојановски
(Целата репортажа од Косовска Митровица може да ја прочитате во ��трешното печатено и електронско издание на „Утрински“)
|