20.04.2013, 18:29 Петгодишно девојче киднапирано и силувано во Индија
Петгодишно девојче се наоѓа во тешка здравствена состојба, откако било киднапирано, измачувано и силувано од маж, кој е денеска уапсен од полицијата во источната индиската држава Бихар.
Веста за суровиот настан го разлути локалното население, поради што голем број луѓе од синоќа протестираат пред полициската зграда во главниот град Делхи.
Девојчето исчезнало во понеделникот, а беше пронајдено од соседи во средата во соба на зградата во која живеело со своите родители. Девојчето било само, а силувачот е уапсен денеска на околу 1.000 километри источно од главниот град, соопшти полицијата.
Според лекарите девојчето има сериозни повреди и модринки по целото тело, вклучително на вратот и гениталиите.
Граѓаните на Делхи од вчера протестираат пред полициската управа, обвинувајќи ги властите дека не преземаат никакви мерки за спречување на случаите на силување.
|