Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
19.04.2013, 19:10

Србија и Косово постигнаа договор во Брисел



Дијалогот меѓу Белград и Пртштина е завршен и двете страни го парафираа договорот за нормализација на меѓусебните односи

Дијалогот меѓу Белград и Пртштина е завршен и двете страни го парафираа договорот за нормализација на меѓусебните односи, соопшти попладнево во Брисел високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ Кетрин Ештон, по завршувањето на десетта рунда од разговорите меѓу српските и косовските претставници.

- Сакам да им честитам на двете страни на решителноста и храброста што ги покажа во текот на сите овие месеци (од дојалогот), изјави Ештон, додавајќи дека парафирањето на текстот е важен чекор за приближување��о на Белград и Приштина кон ЕУ.

Според Ештон, сега е најважно да се остави минатото и двете страни „да се приближат до Европа“.

Српскиот премиер Ивица Дачиќ, кој го парафира договорот во името на Белград, изјави дека ова претставува „најдобрата понуда“ што ја добила Србија.

Тој нагласи дека во конечната верзија останеле двете досега спорни точки - 9 и 14, кои се однесуваат на изборот на полициски командири и на местото на Косово во ОН.

Согласно договореното, идниот Сојуз на српските општини во Косово ќе има свои претседател, потпреседател и Совет и ќе може да ги избира локалните полициски командири. Во Сојузот ќе членуват сите косовски општини во кои Србите се мнозинство, вклучително и оние од северниот дел на Косово.

Дачиќ нагласи дека сега претстои за прифаќање или отфрлање на договорот да се изјаснат Владата и Парламентот на Србија.

Косовскиот премиер Хашим Тачи, кој го парафира договорот во името на Приштина, изјави дека со утврдениот текст се гарантира суверенитетот и територијалниот интегритет на Косово.

- Договорот е парафиран меѓу две држави, што де јуре значи признавање на Косово од страна на Србија, искави Тачи.

Тој нагласи дека очекува косовската независност сега да ја признаат и оние земји кои досега не го сториле тоа, како и дека Косово наскоро ќе стане член на ОН.

Парафирањето на договорот го поздрави и еврокомесарот за проширување Штефан Филе кој оцени дека Белград и Приштина покажале храброст и дека сега можат да сметаат на целосна поддршка од Брисел за приближување кон ЕУ.

Веста за постигнување на дооворот прва ја објави косовскиот министер за европски интеграции Вљора Читаку, која на Твитер напиша „Habemus pactum“, што преведено од латински значи „Имаме договор“. - Се појави бел чад. Habemus pactum, напиша Читаку.

По денешното завршување на разговoрите и парафирањето на договорот, делегациите на двете земји заминаа стедби во седиштето на НАТО.



Статијата е прочитана 1091 пати.


Испрати коментар



Попоски - Македонија своевиден гуру на трпеливоста
„Македонски телеком“ откупи пет иновативни идеи
И по третиот круг Италија без нов претседател
Отворен патот за бизнис со Азербејџан
Уапсен Македонец за грабежи и киднапирање во Грција
Брисел ќе ја чека Македонија до јуни
На тендерот за ОХИС нема понуди
Од денеска почна да се врти вртелешката
Црна Гора го зголемува ДДВ-то од 17 на 19 отсто
(ФОТО) Промовирано првото мени на Брајово писмо
Ќе се зајакне системот за контрола на с��цијалната помош
Осомничените за нападот во Бостон се од Чеченија
Задолжителна употреба на биоразградливи ќеси
Иванов замина во Канада и Аризона
Владата ќе вработува 1.800 лица од социјални семејства
ПЕИ излезе од „Сојузот за иднината“
Убиен еден од осомничените за бостонските напади
Рен - Драго ми е што на Македонија и оди добро во економијата
Романо Проди за претседател на Италија
(ФОТО) Поплавени викендици на Тиквешко Езеро
ЕУ очекува прегласувањето да мине во слободна и организирана атмосфера
Инвеститорите од Азербејџан добродојдени во Македонија
Ројтерс по грешка објави некролог за Сорос
Трка на кеј во чест на жртвите на маратонот во Бостон
Мушараф уапсен за државна измама
ФБИ објави фотографии од двајца осомничени за нападот во Бостон
Груевски во посета на Азербејџан
Во експлозијата во Тексас загинале 14 луѓе
Полицаец убиен во кампусот на МИТ крај Бостон
(ВИДЕО) Слободан Богоевски уапсен за перење пари
Карл Билт - Најзагрижен сум за Македонија
Скопјанка ранета со пет куршуми, додека била на гости
Жерновски - Ќе се бориме до крај и ќе оствариме поубедлива победа



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 4°C

Делумно облачно

Сабота
Делумно облачно
Макс: 21°C, Мин: 6°C

Недела
Ведро
Макс: 22°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Ретровизор | Саботен магазин |