19.04.2013, 08:54 Полицаец убиен во кампусот на МИТ крај Бостон
Полицаец беше застрелан синоќа во кампусот на Технолошкиот институт на Масачусетс (МИТ) во Кембриџ близу Бостон.
На интернет сајтот на престижниот универзитет се вели дека ситуацијата е „исклучително опасна“ и упатен е повик до студентите да не излегуваат од собите. Зграда од кампусот е опколена од полицајци.
Според првични информации, полицаецот кој бил дел од обрзбедувањето на кампусот, реагирал на повик за нарушување на редот, по што бил застрелан. Подоцна починал од повредите во болница.
Според очевидци, пукање и експлозии биле регистрирани во улици околу кампусот за време на потрага по убиецот на полицаецот.
Еден човек е ранет во престрелка во момент кога полицајци почнаа голема операција. Кампусот е на околу три километри од центарот на Бостон каде во понеделникот во две експлозии на бомби за време на маратон загинаа три лица и беа ранети над 170 луѓе. |