Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
18.04.2013, 15:43
Со две срца против Кјељце



Рецептот за успех на тренерот Червар е: непробојна одбрана, трпелив напад и резултат со малку голови

Роберт Димитриевски

Цврста одбрана, паметен напад и низок резултат. Овие три предуслови во комбинација со атмосфера во салата каква што досега не е видена во Македонија, се рецептот на Лино Червар за успех во првиот натпревар со Кјељце од четврт-финалето на ракометната Лига на шампионите, закажан за в недела од 17 часот во експресно распродадената сала „Борис Трајковски“ во Скопје. Тренерот на Металург не сака ни да помисли за реваншот на 28 април, нагласувајќи дека неговите играчи мора да се концентрираат на првиот дуел со полскиот првак.

„Многу пати имам кажано дека со одбрана се добива, а со напад се губи на��превар. Сите слабости и недостатоци во однос на противникот се надоместуваат со добра одбрана, но за такво нешто в недела ќе ни требаат две срца. Сега мора да се даде повеќе од секогаш и одбраната мора да понесе голем товар. Второ што ни треба е паметен и трпелив напад, да не се завршуваат акциите за кратко време, бидејќи тие имаат две ’ракети‘ - Чупиќ и Штрлек. Тоа не значи дека треба да бидеме неактивни во нападот, напротив, мораме да бидеме агресивни и да се бориме за секој милиметар простор. Конечно, мораме да играме на низок резултат, со малку голови. Ако го постигнеме тоа, значи дека сме ги запреле, во спротивно - не сме имале контрола врз играта“.

Во кратки црти, ова е стратегијата на тренерот на македонскиот шампион за мечот во кој неговите играчи ќе испишат нова страница во историјата на машкиот клупски ракомет во Македонија. Од очите на Хрватот, кој од неодамна е и македонски државјанин, се гледа огромната желба Давид да го победи Голијат, кој има пет пати поголем буџет од неговиот клуб и кој за него е апсолутен фаворит во двомечот. Но...

„Направивме чекор напред во однос на минатата година, се пласиравме меѓу осумте најдобри екипи во Европа, а со тоа и во светот. Се разбира дека сме пресреќни, но не е готово. Знам дека голема е желбата на целата јавност да ја прескокнеме и оваа пречка и да се пласираме на фајнал-форот во Келн. Со Кјељце игравме два пати и тоа беа два рамноправни натпревари. И двата ги изгубивме, но мислам дека изгубивме со кренати глави, дека не се посрамотивме, би рекол дури дека заслуживме и повеќе. Токму поради тој впечаток дека одигравме многу добро на двете средби со нив, голема е надежта дека сега можеме и да ги победиме. Сето тоа е во ред, но ова е нов момент. Овде важат други правила на играта, кои не се исти како во групата. Влогот е голем, а поправен нема. Екипата што ќе изгуби, не оди на фајнал-фор. Тој што го следи малку повеќе ракометот, нема никакви дилеми дека тие се апсолутни фаворити. На секоја позиција имаат по двајца извонредни играчи. Но, убавината на спортот е во тоа што фаворитите не мора секогаш да победат, бидејќи во тој случај не би имало спорт“, поентира трофејниот стратег што ги има тренирано и(ли) им бил селектор на петтемина Хрвати во составот на Кјељце.

Слично како шефот размислува и непосредниот учесник на теренот, Ванчо Димовски.

„Кога ќе стигнете дотука и ќе ви се укаже можноста да заиграте на фајнал-форот во Лигата на шампионите, нешто за што не сте ни сонувале дека можете да го остварите некогаш во кариерата, глупаво е да се задоволите со досега направеното. Во природата на луѓето, посебно на спортистите, е да сакаат повеќе и да се обидат тоа и да го постигнат. Ако в недела тие бидат подобри, спортски ќе им подадеме рака, ќе им честитаме и нема да имаме причини за незадоволство, но само ако го оставиме срцето на теренот, ако го дадеме максимумот. Двата дуела со нив во рамките на групата, посебно тој на нивен терен, сепак, ни даваат основа да се надеваме и да сториме се' да направиме уште еден чекор напред. Иако ние сме квалификанти во ЛШ, и ние и тие лани првпат стигнавме до осмина финалето, и ние и тие годинава сме првпат во четврт-финалето и еден од нас ќе биде дебитант на финалниот турнир. Ќе сториме се' ние да бидеме патниците во Келн“, порача капитенот на „металурзите“.

Експедицијата на Кјељце овој пат нема да патува со специјално дизајнираниот клупски автобус како на мечот во Скопје од групната фаза, туку ќе пристигне со авион в сабота попладне и ќе се врати веднаш по натпреварот. Полскиот првак, кој минатиот викенд го освои својот десетти трофеј во националниот Куп, ќе го бодрат 175 навивачи, дел од нив припадници на воениот контингент од оваа земја во Косово.



Статијата е прочитана 1583 пати.


Испрати коментар



Цонга прв полуфиналист во Монте Карло
Ван дер Варт - Баерн нема шанси против Барселона
Барселона и Панатинаикос ќе играат мајсторка
Кливленд му врачи отказ на Бајрон Скот
Французинката Пино во Вардар СЦБТ
Мари и Бердих шокирани во Монте Карло
Лејкерси на крајот седми на Западот
Антиќ и Олимпијакос ја испуштија првата меч-топка
Продолжува победничката серија на МЗТ Скопје
(ФОТО) Шкендија и Вардар ремизираа без голови
Меси ќе биде подготвен за Баерн
Реал Мадрид прв патник за Лондон
(ВИДЕО) Баерн убедлив, хет-трик на Гомез за шест минути
Клиперси ја продолжија победничката низа
Словенците го селат Пипан во Азија
Оклахома го осигура врвот на Западот
Познатиот судија Веб префрлен во третата лига
Ван Бујтен се сели во Италија или Франција
Карабатиќ блиску до Барселона
Руни потпишал договор со ПСЖ
Милевски старо-нов тренер на Вардар
Шундовски и Ангеловски прваци со Констанца
Вардар ја прифати оставката на Илиевски
Кире Лазаров ја торпедира Уеска
Почина маратонец во Брајтон
Клубски дојде до првиот трофеј во историјата
Лејкерси победуваат и без Коби
(ВИДЕО) Пандев стрелец во дуелот со Милан
(ФОТО) Вардар про му го предаде пехарот на Загреб



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 5°C

Делумно облачно

Сабота
Делумно облачно
Макс: 21°C, Мин: 6°C

Недела
Ведро
Макс: 22°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Ретровизор | Саботен магазин |