15.04.2013, 17:04 Шундовски и Ангеловски прваци со Констанца
Констанца, чиј тренер е Звонко Шундовски и за која настапува Бранислав Ангеловски, славеше со 30:25 во дуелот со директниот ривал Бакау и ја обезбеди титулата шампион на Романија две кола до крајот. За левиот бек Ангеловски, кој постигна четири гола, ова е втора титула со екипата што поранешниот македонски селектор Звонко Шундовски ја води една сезона. (Р.Д.) |