Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
20.04.2013, 11:21

Уапсен и вториот осомничен за бомбашките напади во Бостон



Масовната операција на бостонската полиција за фаќање на 19-годишниот Џохар Царнаев успешно е завршена, јавија американските медиуми

И вториот осомничен бостонски бомбаш е уапсен. Масовната операција на бостонската полиција за фаќање на 19-годишниот Џохар Царнаев, осомничен за организирање на терористичкиот напад за време на Бостонскиот маратон, успешно е завршена, јавија американските медиуми.

Царнаев беше откриен во чамец, во задниот двор на една куќа од предградиетo.

При приведувањето тој почна да пука по полицијата. Осомничениот Царнаев е хоспитализиран со две тешки повреди на вратот и ногата, а неговата состојба се оценува како критична.

За едно деноноќие тој два пати влезе во престрелка со полицијата. Првиот пат, во кампусот на унизверзитетот во Масачусетс, кога загина неговиот постар брат, 26-годишниот Тамерлан Царнаев, а вториот пат Царнаев отвори оган врз полицијата при обидот да биде приведен.

Браќата се етнички Чеченци, кои во САД добиле државјанства откако пред повеќе години се доселиле од руската кавкаска република Дагестан.

Претседателот Барак Обама во кусото обраќање кон нацијата, соопшти дека „наредил да се употребат сите ресурси на федералните служби“ за да се заврши истрагата.

Се уште има многу прашања без одговор за експлозиите, вклучувајќи и тоа дали на двајцата мажи им помагале и други лица, рече Обама.

Рускиот претседател Владимир Путин во разговор со Обама изрази жалење за трагично загинатите за време на Бостонскиот маратон, при што двајцата претседатели се договорија заеднички да продолжат да дејствуваат на полето на борбата против тероризмот.

Жителите на Вотертаун останаа затворени во своите домови речиси цело деноноќие, а по соопштувањето за фаќањето на Царнаев излегоа по улиците за да го прослават апсењето испраќајќи ги со аплаузи колоните со воена техника, возила на брзата помош, полициските и пожарникарски возила, што го напуштаа градот.

Помалку од 24 часа откако првиот осомничен, 26-годишниот Тамерлан Царнаев беше убиен во престрелка со полицијата во бостонското предградие Ватертаун близу кампусот на познатиот Масачусетски технолошки институт MIT, резултираше потрагата која тргна по вториот осомничен, неговиот брат 19-годишниот Џохар Царнаев.

По часови мачно искчекување и речиси целосна блокада на делови од Бостон, градоначалникот Томас Менино на својот профил на Twitter објави кусо „Го имаме“.


Статијата е прочитана 999 пати.


Испрати коментар



Џорџо Наполитано избран за претседател на Италија
Сарачини ја презентираше владината програма за развој на општините
Петгодишно девојче киднапирано и силувано во Индија
Нова спортска сала за универзитетот „Св. Кирил и Методиј“
МОСТ со 130 монитори ќе ги набљудува утрешното гласање
Стејт департментот со остри оценки за Македонија
Ставрески и Богов задоволни од разговорите во ММФ и Светската банка
Первез Мушараф останува во притвор уште две недели
Најмалку 70 загинати во земјотрес во Кина
Гласаат изнемоштените и болните лица
Иванов - Македонскиот модел на мултикултурализам е пример за нашиот регион
Србија и Косово постигнаа договор во Брисел
Попоски - Македонија своевиден гуру на трпеливоста
„Македонски телеком“ откупи пет иновативни идеи
И по третиот круг Италија без нов претседател
Отворен патот за бизнис со Азербејџан
Уапсен Македонец за грабежи и киднапирање во Грција
Брисел ќе ја чека Македонија до јуни
На тендерот за ОХИС нема понуди
Од денеска почна да се врти вртелешката
Црна Гора го зголемува ДДВ-то од 17 на 19 отсто
(ФОТО) Промовирано првото мени на Брајово писмо
Ќе се зајакне системот за контрола на социјалната помош
Осомничените за нападот во Бостон се од Чеченија
Задолжителна употреба на биоразградливи ќеси
Иванов замина во Канада и Аризона
Владата ќе вработува 1.800 лица од социјални семејства
ПЕИ излезе од „Сојузот за иднината“
Убиен еден од осомничените за бостонските напади
Рен - Драго ми е што на Македонија и оди добро во економијата
Романо Проди за претседател на Италија
(ФОТО) Поплавени викендици на Тиквешко Езеро
ЕУ очекува прегласувањето да мине во слободна и организирана атмосфера
Инвеститорите од Азербејџан добродојдени во Македонија
Ројтерс по грешка објави некролог за Сорос
Трка на кеј во чест на жртвите на маратонот во Бостон
Мушараф уапсен за државна измама
ФБИ објави фотографии од двајца осомничени за нападот во Бостон
Груевски во посета на Азербејџан
Во експлозијата во Тексас загинале 14 луѓе
Полицаец убиен во кампусот на МИТ крај Бостон
(ВИДЕО) Слободан Богоевски уапсен за перење пари
Карл Билт - Најзагрижен сум за Македонија
Скопјанка ранета со пет куршуми, додека била на гости
Жерновски - Ќе се бориме до крај и ќе оствариме поубедлива победа



meksikanec, 20.04.2013 12:53:01
Sto drugo da se kazi,osvem golemo priznanje za efikasnosta i odgovornosta so koja i prijde,amerikanskata administracija i site nadlezni organi i sluzbi vo razvrskata na ovaj tragicen nastan za nivnata drzava,pocnuvajki od Predsedatelot Obama do njniskite vo hijerarhijata.Vo sekoj sluca so ova nee se, kazano i reseno,tuku tek zapocnato,zatoa sto ne se raboti za osamen slucaj tuku dobro osmislema i organizurana akcija.Kolku nie docnime vo se, pa i vo razvrskata na vakvite i slicni slucuvanja,zboruva sporosta vo deportacijata na ubijcite od Smiljkovskoto ezero samo zatoa sto zlocinot se razgleduva i resava po nacionalna i verska osnova,a ne kako zlostorstvo za sebe.
чичко џелат, 20.04.2013 16:15:52
Бостон, па отровни писма, па експлозијата во Тексас...ко што велат Охриѓани, ова Америве ги коматит нешчо, ги коматит...

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 8°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 19°C, Мин: 5°C

Недела
Сончево
Макс: 22°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Ретровизор | Саботен магазин |