20.04.2013, 11:50 Куманово не успеа да се пласира во финалето на БИБЛ
Кумановци загубија од Галил Гилбоа (85:76) во првиот полуфинален меч на „Фајнал-фор“ турнирот во Самоков
Кошаркарите на Куманово вчера загубија од Галил Гилбоа со 85:76 и останаа без финале во регионалната БИБЛ лига.
На првиот полуфинален дуел од „фајнл фор“ турнирот што се одржува во Самоков (Бугарија), македонскиот претставник немаше сили да му се спротистави на бранителот на шампионскиот трофеј.
Израелскиот тим го презема водството кон крајот на првиот период и го контролираше резултатот во следните 30 минути. Галил Гилбоа во повеќе наврати имаше двоцифрена разлика, дозволувајќи му на противникот да дојде на минус пет во средината на последната четвртина, но тоа беше максимумот од ослабениот Куманово кој настапи без повредениот Ивица Димчевски.
Александар Костовски со 29 постигнати поени беше најефикасен играч на натпреварот, но и тоа не беше доволно неговиот тим да го избегне поразот.
|