15.04.2013, 12:15 Клубски дојде до првиот трофеј во историјата
Тимот од Делчево во финалето го победи Кросинг со 69:59. МВП титулата отиде во рацете на искусната Лидија Милкова
Клубски е овогодинешниот победник во Купот на Македонија во женска конкуренција откако во финалето го совлада Кросинг со 69:59. Тимот од Делчево кој воедно беше домаќин на завршницата во ова натпреварување дојде до првата историска клупска титула и тоа благодарение на искусната Лидија Милкова. Некогашниот селектор на најдобрата женска репрезентација постигна 20 поени, девет скока и три асистенции на крајот ја понесе МВП титулата. Покрај неа добра игра прикажа Елена Георгиева со 20 поени, два скока и исто толку асистенции. На другата страна кај Кроси��г Елена Раденковиќ со 27 поени беше прво име на теренот.
„Делчево стана шампионски град и пресреќен сум поради тоа. Сакам да им честитам и да им се заблагодарам на моите кошаркарки кои одиграа уште еден одличен натпревар, само ден по брилијантната победа против Вигор во полуфиналето. Навистина сум горд на нив затоа што покажавме дека со упорност и добра работа се е можно. Сега не чека плејоф во домашното првенство, каде уште помотивирани пристапуваме со надеж дека на овој прв трофеј на државно ниво во клупската историја, но и во историјата на градот, ќе го додадеме и првенствениот трофеј“,изјави по мечот Љупчо Петровски тренерот на Клубски, кој заедно со своите кошаркарки постанаа седмиот клуб во историјата на Куп натпреварување кој успеал да го подигне пехарот. Најтрофеен клуб во 21-годишнината историја и понатаму е Вигор Скопје со девет трофеи. (М.К.)
|