16.04.2013, 14:26 Ван Бујтен се сели во Италија или Франција
Искусниот дефанзивец игра во Баерн од 2006 година кога стигна од Хамбург и е незаменлив во дефанзивниот ред на новиот германски шампион
Искусниот дефанзивец на Баерн, Даниел ван Бујтен, би можел играчката кариера да ја продолжи на Апенини или во Франција од каде што на негова адреса пристигнале неколку интересни понуди. Искусниот 35-годишен белгиски репрезентативец повеќе преферира да остане во Баерн, но тоа најверојатно нема да се случи бидејќи Баерн во иднина ќе се потпира на млади фудбалери што значи дека во јуни по истекот на договорот ќе мора ги смени клупските бои. Неговиот менаџер откри дека за високиот Белгиец има понуди од Италија, но и од Франција.
„Баерн е неговиот прв избор и желба му е да добие нов договор. Ако тоа не се случи, тогаш има други интересни опции. Можам да кажам дека многу италијански и неколку француски клубови би сакале да го видат во своите редови“, изјави агентот Хенротај.
Ван Бујтен игра во Баерн од 2006 година кога стигна од Хамбург и е незаменлив во дефанзивниот ред на новиот германски шампион. |