Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
15.04.2013, 20:48
Милевски старо-нов тренер на Вардар



Тренерот што го водеше тимот до есенската титула, по што беше заменет со Никола Илиевски, кој даде оставка по саботниот пораз од Пелистер, доби ангажман до јуни 2014 година

По неуспешната тримесечна епизода со Никола Илиевски, Благоја Милевски повторно ќе ја води екипата на Вардар, откако непосредно пред почетокот на подготовките за пролетниот дел беше заменет токму од популарниот Џиџи. Раководството на шампионот денеска ја прифати оставката на Илиевски по поразот од Пелистер во саботата и го врати на клупата Милевски, потпишувајќи договор со него до јуни 2014 година. Тој од јануари наваму беше координатор на младинската школана црвено-црните, а практично ќе го преземе кормилото в среда против Шкендија во Тетово во првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Македонија. Нему ќе му помага Звонко Златановски, а тренер на голманите ќе биде Бејдоган Ставелеци, кој и претходно работеше со првиот тим.

"Ми претставува чест што повторно ја добивам довербата за да го водам првиот тим, што е потврда за мојата добра работа во есенскиот дел. За разлика од тогаш, овој пат не стартуваме од нула, туку од минус во однос на конкурентите, но јас силно верувам во фудбалерите што еднаш веќе ја освоија шампионската титула, а беа и есенски прваци сезонава. Сигурен сум дека за шест месеци не заборавиле да играат фудбал, па цврсто сум убеден дека заедно ќе успееме да ја одбраниме титулата", изјави Милевски на денешната промоција во присуство на претседателот на Одборот на директори на клубот, Зоран Шишковски, и на директорот Боби Митев.

Милевски ја презеде екипата по изборот на Илчо Ѓорѓиоски за претседател на Фудбалската федерација на Македонија и со него Вардар презими на врвот на табелата во Првата македонска фудбалска лига. Но, во почетокот од годинава неочекувано беше заменет со Илиевски, кој немаше ниту една победа во седумте подготвителни средби, а со киксот против Пелистер вардарци се најдоа на третото место, со еден бод помалку од Хоризонт Турново и од Металург, кои имаат по 47 по досега одиграни 25 кола од предвидените 33. Во следниот круг претстојниот викенд најтрофејниот македонски фудбалски клуб ќе му гостува на прволигашкиот дебитант Дрита од Боговиње. (Р.Д.)

Статијата е прочитана 760 пати.


Испрати коментар



Цонга прв полуфиналист во Монте Карло
Ван дер Варт - Баерн нема шанси против Барселона
Барселона и Панатинаикос ќе играат мајсторка
Кливленд му врачи отказ на Бајрон Скот
Французинката Пино во Вардар СЦБТ
Мари и Бердих шокирани во Монте Карло
Со две срца против Кјељце
Лејкерси на крајот седми на Западот
Антиќ и Олимпијакос ја испуштија првата меч-топка
Продолжува победничката серија на МЗТ Скопје
(ФОТО) Шкендија и Вардар ремизираа без голови
Меси ќе биде подготвен за Баерн
Реал Мадрид прв патник за Лондон
(ВИДЕО) Баерн убедлив, хет-трик на Гомез за шест минути
Клиперси ја продолжија победничката низа
Словенците го селат Пипан во Азија
Оклахома го осигура врвот на Западот
Познатиот судија Веб префрлен во третата лига
Ван Бујтен се сели во Италија или Франција
Карабатиќ блиску до Барселона
Руни потпишал договор со ПСЖ
Шундовски и Ангеловски прваци со Констанца
Вардар ја прифати оставката на Илиевски
Кире Лазаров ја торпедира Уеска
Почина маратонец во Брајтон
Клубски дојде до првиот трофеј во историјата
Лејкерси победуваат и без Коби
(ВИДЕО) Пандев стрелец во дуелот со Милан
(ФОТО) Вардар про му го предаде пехарот на Загреб

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 2°C

Делумно облачно

Сабота
Делумно облачно
Макс: 21°C, Мин: 6°C

Недела
Ведро
Макс: 22°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Ретровизор | Саботен магазин |