19.04.2013, 15:50 „Македонски телеком“ откупи пет иновативни идеи
„Македонски телеком“ денеска ги објави петте избрани идеи на конкурсот „Партнер за иновации“. Наградата за овие проекти кои ќе се реализираат оваа година е во вредност од 100.000 евра. Четири идеи од Македонија се квалификуваа на кокурсот за партнерство за иновации „Телеком предизвик“ за награда од 500.000 евра во рамките на Дојче телеком групацијата на ниво на цел свет.
Проектите што ги избра „Македонски телеком“ се: „T-Care“ - виртуелна средина за односи со корисници и промоција од далечина, базирана на вештачка интелигенција, од Анис Сефиданоски, „МаркетКонект“, нова македонска веб платформа која ги проширува можностите за онлајн трговија преку директно поврзување на компаниите со потрошувачите на повеќе пазари во регионот, РЗ Инфомеиа ДОО, Скопје, „Smart Wine“, Интегрирано целосно M2M cloud решение за интелигентно следење на земјоделските параметри со користење на безжична сензорска мрежа - Институт за телекомуникации Факултет за електротехника и информациски технологии Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, „CollaboDox“ - Систем за соработка со "Microsoft Word" документи помеѓу различни платформи - CREATIONPAL ДОО, Скопје и „Cloud Message“-систем за Augmented Reality базиран на мобилна телефонија за споделување на пораки и рекламирање, Intelligent Network Solutions, ДОО, Скопје.
На конкурсот што „Дојче телеком“ го објави во март 2013 за партнерство за иновации „Телеком предизвик“ на ниво на групацијата низ целиот свет пријавени се 444 проекти од 45 земји. Од Македонија се пристигнати 38 предлози од кои четири се влезени во финале.
|