Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
18.04.2013, 12:27
„Локомотива“ и ЦАЦ добија награди од Швајцарската програма за култура



Двете организации од Скопје се наградени за најдобра работа на полето на современата уметност

Центарот за изведувачки уметности „Локомотива“ и Центарот за современи уметности (ЦАЦ) од Скопје се наградени од Швајцарската програма за култура во Западен Балкан, за најдобри практики и одличност во работата реализирана во полето на современата култура и уметност.

Имено, на 11 и 12 април претставници од двете организации, Биљана Тануровска - Ќулавковски од „Локомотива“ и Никола Писарев и Анита Ивковиќ од ЦАЦ, престојуваа во Сараево, БиХ, како дел од финалната манифестација на Швајцарската п��ограма за култура насловена „Културни средби - соработка, достигнувања и перспективи“. Наградата и на двете организации, всушност, им била врачена во рамките на манифестацијата. „Локомотива“ ја добива наградата за највисока посветеност во развојот и промоцијата на современиот танц на Балканот преку проектот „Номад - танц академија“, имплементиран во периодот од октомври 2007 година до декември 2010-та, во партнерство со „Станица“ од Белград, „Танцеларија“ од Сараево, „Фичо Балет“ од Љубљана, „Тала Данс“ од Загреб и „БрејнСтор“ од Софија.

На денешната прес-конференција по повод наградите, од „Локомотива“ остакнаа дека овој проект допринел за унапредување и професионализација на современиот танц на Балканот. „Проектот беше промовиран како општествено релевантна и инклузивна уметничка форма, воспостави нов модел на регионална соработка преку регионалниот едукативен систем за современ танц и овозможи систематска поддршка на продукциите и соработничките програми“, велат од „Локомотива“.

Инаку, и фестивалот „Локомоушн“, кој „Локомотива“ го започна како дел од овој проект, се истакна како форум за презентација на домашна продукција, но и за реномирани странски гости. „Фестивалот допринесе за позиционирање на културната светска мапа на уметноста и за популаризација на современиот танц во регионот“, истакнуваат од „Ломомотива“.

ЦАЦ, пак, е награден за унапрадување на свеста, поттикнување на локални акции и безусловна посветеност на руралниот културен развој на Балканот низ регионалниот проект „Култура на руралните заедници“, реализиран од април 2009 година до март 2012-та, во соработка со организацијата „АТТА“ од Призрен, „Мозаик фондација“ од Сараево и „Школа на ивица на опстанок“ од Ниш. ЦАЦ ја добива наградата за регионалниот проект кој, како што било остакнато на врачувањето на наградата, применил иновативен пристап во развојот на културата на руралните заедници, овозможувајќи им на локалните актери и организации да реализираат проекти и да изградат сопствени активни заедници.

Наградите се парични и секоја од организациите добила по 15.000 швајцарски франци. Инаку, Швајцарската програма за култура во текот на минатите 15 години поддржала повеќе од 3000 иницијативи и проекти во областа на културата во регионот. (Т.И.)

Статијата е прочитана 372 пати.


Испрати коментар



„Хеда Габлер“ и „Дива“се подготвуваат во Битолскиот народен театар
Позитивно лудило на концертот на „Ла Колони Волвокс“
(ФОТО) Изложбата на Хенри Мур собра многу публика
Со „Кругови“ стартува „Скопски филмски фестивал“
Роман Абрамович доби ќерка со Даша Жукова
„Фиром реквием“ - концерт со нови дела на Александар Пејовски
„Убиј ги децата“ доби Гран-при на „Лица без маски“
Концерт на „Ла Колони Волвокс“ и промоција на албумот „АЕИОУ“
Македонски филмови на „Скопски фестивал“
Премиера на „409“ на Даријан Пејовски
„Изгубени Германци“ за отворање на Фестивалот на монодрама
Изложба на Стефан Димовски во Музејот на Град Скопје
(ВИДЕО) Англиско-ромска верзија на „Пред да се раздени“
(ВИДЕО) Дали „Џентлмен“ е новиот „Гангнам стајл“
Претстави на првите дипломци по современ танц
Анушка Шанкар и Кимо Похјонен на „Оф-фест“
(ФОТО) Финале со парискиот шарм на „М Кутур“ од Мила Кадриу
(ФОТО) Катарина Ивановска - Најсекси се чувствувам кога сум гола
Прво интервју со сопругата на Стив Џобс по неговата смрт
Почина британски диригент Сер Колин Дејвис

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 2°C

Делумно облачно

Сабота
Делумно облачно
Макс: 21°C, Мин: 6°C

Недела
Ведро
Макс: 22°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Ретровизор | Саботен магазин |