17.04.2013, 09:14 Премиера на „409“ на Даријан Пејовски
„409“ е приказна за човек кој поседува се' што во општествена смисла значи „нормален“ или „успешен“
Во киното „Синеплекс“ (сала 8), вечерва во 18 часот премиерно ќе биде прикажан краткометражниот филм „409“, во сценарио и режија на Даријан Пејовски.
„409“ е приказна за човек кој поседува се' што во општествена смисла значи „нормален“ или „успешен“. Но, вели режисерот, токму овие параметри го врамуваат и го потиснуваат во агол, каде што во недостиг од емотивна сатисфакција, тој се врти кон самиот себе.
Главните улоги ги толкуваат Симеон Дамевски и Ирена Ристиќ. Продуценти на филмот се Горан Ацевски, Кристијан Ристески и Јовица Пановски. Кинематографер �� Димо Попов, сценографијата е на Срѓан Митровиќ, музиката ја напиша Александар Пејовски, монтажер е Горјан Гешоски, додека костимограф е Розе Трајческа-Ристевска.
Филмот „409“ е во продукција на „Марни филмс“ и „Вертиго вижуал“ и е поддржан од Филмскиот фонд . (Т.И.)
|