21.04.2013, 15:51 Го убил синот, го ранил соседот, па си пресудил
Домашна расправија прераснала во крвава престрелка во која загинати се две лица во село горно Оризари.
Трагедијата се случила денес околу пладне кога Мујо Ц. роден 1953 година, со пиштол кој го поседувал со дозвола, го убил својот 36-годишен син Сеад.
Покрај синот, Мујо пукал и во соседот Мехо Л. роден 1951 година, кој се здобил со прострелна рана во раката и се наоѓа во велешкиот медицински центар, надвор од животна опасност.
За трагедијата да биде уште поголема, потоа Мујо се застрелал сам во главата, по што со возило на итна медицинска помош е пренесен во велешката болница, но им подлегнал на повредите.
На лице место полицијата пронашла чаури од пиштол калибар 7,62 мм кои се подигнати за понатамошно вештачење, а увидот се уште е во тек.
|