Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
22.04.2013, 18:55

„Скопје 2014“ чини 207 милиони евра

Владата потрошила 80 милиони евра, Општина Центар околу 55 милиони, а Министерството за култура околу 72 милиони евра

БОЈАН ШАШЕВСКИ

„Вкупниот износ на проектот ’Скопје 2014‘ изнесува 207 милиони евра. На годишно ниво за капитални инвестиции, проектот во 2008 година изнесувал 0, 5 отсто од вкупниот буџет на Македонија, за наредната 0,76 отсто, за 2010 година 1,1 отсто, за 2011, 2,2 отсто, за 2012, 1,6 отсто и за 2013 година 1,5 отсто. Овие проекти веќе даваат резултати, обезбедиле работни места на 1.000 работници и семејства, а со изградбата на објектите се оствариле и заштеди по основ на кирии“.

Ова вчера го рече министерката за култура, Елизабета Канческа – Милевска на прес конференцијата со која ��еше даден отчет за владиниот проект „Скопје 2014“. Таа рече дека „Скопје 2014“ се покажал како проект од повеќекратна корист - обезбедил модерен изглед на главниот град и го раздвижил градежништвото и 26 други гранки. Обезбедил раст на градежништвото за 3,6 отсто а бројот на туристи се зголемил за 54 проценти.

Деталниот отчет се одржа на маратонска конференција во владината зграда, каде се сумираа бројките врзани со зафатите на контроверзниот проект на Министерството за култура, владината Служба за општи и заеднички работи и на Општината Центар. До денеска Владата не проговори колку точно пари се потрошиле за „Скопје 2014“. Единствено околу 80 милиони евра беа изнесени на првичните конференции кога се презентираше изгледот на проектот кој го смени ликот на централното подрачје.

Според вчера објавените информации, Владата преку Службата за општи и заеднички работи потрошила 80 милиони евра, Општина Центар околу 55 милиони евра, а Министерството за култура околу 72 милиони евра. Во проектот Скојпе 2014 се опфатени над 70 проекти, меѓу кои спомениците низ градот, повеќе згради, мостови, реконструкција на фасади и слично.

Министерство за култура за проектот 33 скулптури во централното подрачје потрошило нешто над 885.000 евра. Тука се вклучени скулптурите „Бик“, „Семејство“, „Маски“, „На кафе“, „Чистач на кондури“, „Набљудувач“, „Риба, „Жена со гитара“, „Тешкото“, „Шмизла“, „Просјак“, „Починка“. Трите врби на Вардар чинат точно 278.188 евра, а Портата „Македонија“ 5.192.364 евра.

„За Музејот на македонска борба за државност и самостојност, односно за Музејот на ВМРО и Музејот на жртвите од комунистичкиот режим биле издвоени 13.346.969 евра, за Стариот театар 36.846.520 евра, додека за концертната сала на Македонската филхармонија се исплатени 5.150.916 евра“, рече Канческа – Милевска, дополнувајќи дека Министерството за култура вршело заеднички работи за Археолошкиот музеј во вредност од 8.174.494 евра и го доградува Собранието - 9.569.106 евра.

Службата за општи и заеднички работи е задолжена за објектот на Министерството за внатрешни работи вреден 19.251.506 евра, зградата на Уставниот суд, Археолошкиот музеј и Државниот архив за која се потрошени 29.722.114, а за Финансовата полиција 13.744.848 евра. Тука се вклучени анекси, дополнителни договори за проектантски и стручен надзор, за релјефи, за занаетчиско и ентериерски работи.

За Александар Македонски 10,49 милиони евра

„Владата за ’Скопје 2014‘ на Општина Центар и' дала 41 милиони евра, но оваа сума се зголемила за дополнителни 63 милиони евра со анекс договори“, рече вчера Владимир Тодоровиќ. Од овие пари, 10,49 милиони евра се потрошени само за споменикот на Александар Македонски. Вкупно 649.000 евра на име авторски хонорар добила авторката Валентина Стевановска за своето дело „Коњаник“, но, во оваа сума не биле вкалкулирани и трошоците за материјал, работници, комуналии, моделирање, струја, лиење во гипс и лиење во полиестер.

За спомениците на Гоце Делчев и Даме Груев се потрошени 1,54 милиони евра, а авторот Жарко Башевски добил 68.000 евра хонорар, а за сите трошоци добил 310.000 евра. Богоја Анѓелковски, пак, добил 35.000 евра за споменикот на Никола Карев“, рече Тодоровиќ.

За двата лава пред мостот „Гоце Делчев“ спроти Владата, Дарко и Елена Дуковски добиле 15.000 евра, а за сите трошоци за овие споменици се потрошени 1,52 милиони евра, додека Константин Јанев за лавовите од другата страна на мостот добил 12.000 евра хонорар.

Споменикот на Цар Самоил чини 1,7 милиони евра, на Ченто еден милион, за Цар Јустинијан се потрошени 1,8 милиони, додека споменикот на Гемиџиите чинел 1,45 милиони евра. Споменикот на Паднатите херои на Македонија во паркот „Жена борец“ чинел 2,9 милиони евра, на АСНОМ чини 2,2 милиони евра, а помеѓу поевтините, односно 263.000 евра е споменикот на Свети Климент, додека 383.000 евра се одлеале за споменикот на „Македонските бранители“.



Статијата е прочитана 3980 пати.


Испрати коментар



Израелски систем капка по капка и во Пелагонија
Промовирана мобилна гинеколошка амбуланта
„Арселор-Митал“ гаси четири високи печки во Франција
Мртов маж пронајден во депонија во Скопје
Најдобри општествено одговорни компании
Катарците заинтересирани за соработка во македонски компании
Почнува реконструкцијата на фасадата на зградата на Владата
Уапсен најбараниот педофил на светот
(ФОТО) ВМРО ќе добие нова шесткатница со видиковец
Демолиран автомобилот на братот на убиениот рибар кај Смилковци
Ули Хенeс ја разочара Меркел
Кери ја налути Анкара за Појасот Газа
Името во фокусот на средбата Аврамопулос - Кери
„Скопје травел маркет“ од 25 до 27 април
Иванов - И привилегиите, а не само ризиците од НАТО
Шпанија уапси двајца осомничени исламисти
Бомбашки напад врз француската амбасада во Триполи
Осквернавена црквата „Св. Георгиј“ во Лазарополе
Џохар Царнаев го обвини брат му за организање на бостонските напади
Попоски во Брисел на состанок на НАТО за ИСАФ
ОМД - Поголема гласност за Македонија во Конгресот
Во Канада спречен голем терористички напад
Ѓорѓи Сламков на чело на Антикорупциска
Одлуката за датум за Македонија одложена за јуни
Аврамопулос - Возите риквец, наместо кон ЕУ
Таткото на бостонските напаѓачи пристигнува во САД
Од Белгијци ќе гледаме како се управува со отпадот
МОСТ - Гласањето ефикасно, но на одредени места тензично
Изет Зеќири се повлекува од пратеничкото место
Обуки за невработените од 40 до 49 години
(ФОТО) Србите на Косово ќе бараат автономија!
Лустрирани тројца поранешни носители на јавни функции
Вељаноски - Македонија да ги почне преговорите за членство во ЕУ
Прецизирани здравствените прегледи за вработените
Косовск��те Срби не го прифаќаат договорот од Брисел
Изненадувачки пад на цената на горивата
МНР го поздрави договорот меѓу Србија и Косово
Малите парцели проблем на македонското земјоделство
Иванов на отворање три улици со македонски имиња во Канада
Вујановиќ сепак реизбран за претседател на Црна Гора
ЕК препорача датум за преговори сo Србија
„Луфтханза“ ги откажа речиси сите летови поради штрајк
Две лица тешко повредени од струен удар на Глобочица
Во Гвантанамо се` уште се штрајкува со глад
Договорот ги мина владата во Србија и парламентот во Косово
Деветмината киднапирани во Авганистан се главно Турци
ФБИ под притисок по бостонскиот напан
Дијаспората бара од Хаг да ги отвори случаите за ОНА од 2001
Советот на министри на ЕУ одлучува за извештајот за Македонија
ДИК ги соопшти првичните резултати
МОСТ - Гласачи од други општини
ВМРО-ДПМНЕ објави победи во Долнени и Ѓорче Петров
Сокол Митровски со нов градоначалнички мандат во Ѓорче Петров
Редици од Пустец!
Жерновски прогласи победа во Центар
ДПА објави победа на Села во Струга
ДИК - Одѕивот до 17 часот e 53,73 отсто
ЕУ извори - Србија ќе добие датум
ДИК - Излезноста до 13 часот изнесува 33,41 отсто
Го убил синот, го ранил соседот, па си пресудил
Хепенинг за Европската недела на имунизација
Иванов - Нема компромис за достоинството
Се намалиле работниците со скратено работно време
ДИК - Одѕивот до 10 часот изнесува 10,89 отсто
Најмалку 203 луѓе загинаа во земјотресот во Кина
Џохар Царнаев е ранет во врат
ЦИВИЛ - Прегласувањето во Центар почна со нерегуларности
Одбележување на Денот на планетата Земја
Денеска се прегласува во Центар, Струга и Ѓорче Петров
Џорџо Наполитано избран за претседател на Италија
Сарачини ја презентираше владината програма за развој на општините
Петгодишно девојче киднапирано и силувано во Индија
Нова спортска сала за универзитетот „Св. Кирил и Методиј“
МОСТ со 130 монитори ќе го набљудува гласањето
Стејт департментот со остри оценки за Македонија
Ставрески и Богов задоволни од разговорите во ММФ и Светската банка
Первез Мушараф останува во притвор уште две недели
Уапсен и вториот осомничен за бомбашките напади во Бостон
Најмалку 70 загинати во земјотрес во Кина
Гласаат изнемоштените и болните лица
Иванов - Македонскиот модел на мултикултурализам е пример за нашиот регион
Србија и Косово постигнаа договор во Брисел
Попоски - Македонија своевиден гуру на трпеливоста
„Македонски телеком“ откупи пет иновативни идеи
И по третиот круг Италија без нов претседател
Отворен патот за бизнис со Азербејџан
Уапсен Македонец за грабежи и киднапирање во Грција
Брисел ќе ја чека Македонија до јуни
На тендерот за ОХИС нема понуди
Од денеска почна да се врти вртелешката
Црна Гора го зголемува ДДВ-то од 17 на 19 отсто
(ФОТО) Промовирано првото мени на Брајово писмо
Ќе се зајакне системот за контрола на социјалната помош
Осомничените за нападот во Бостон се од Чеченија
Задолжителна употреба на биоразградливи ќеси
Иванов замина во Канада и Аризона
Владата ќе вработува 1.800 лица од социјални семејства
ПЕИ излезе од „Сојузот за иднината“
Убиен еден од осомничените за бостонските напади
Рен - Драго ми е што на Македонија и оди добро во економијата
Романо Проди за претседател на Италија
(ФОТО) Поплавени викендици на Тиквешко Езеро
ЕУ очекува прегласувањето да мине во слободна и организирана атмосфера
Инвеститорите од Азербејџан добродојдени во Македонија
Ројтерс по грешка објави некролог за Сорос
Трка на кеј во чест на жртвите на маратонот во Бостон
Мушараф уапсен за државна измама
ФБИ објави фотографии од двајца осомничени за нападот во Бостон
Груевски во посета на Азербејџан
Во експлозијата во Тексас загинале 14 луѓе
Полицаец убиен во кампусот на МИТ крај Бостон
(ВИДЕО) Слободан Богоевски уапсен за перење пари
Карл Билт - Најзагрижен сум за Македонија
Скопјанка ранета со пет куршуми, додека била на гости
Жерновски - Ќе се бориме до крај и ќе оствариме поубедлива победа



Marjan, 22.04.2013 21:18:24
Ludilo??? Ja odnesoa drzavata vo propast. samo neznam dali svesno ili od sto se nepismeni??? Neznam koj ce gi vraca parite, kreditite mladite si izbegaa od Makedonija.
Mira, 22.04.2013 21:26:07
Nema potreba od otcet,zosto se sto e poytroseno se gleda,a toa se iljadnici proekti.Jas mislam deka otcet treba da dade prethodnata vlada (SDSM)koja nisto ne napravi a gi nema ni parite.
riki, 22.04.2013 21:50:00
ne znam dali e toa normalno da vladata dava otcet vo imeto na opshtina centar,imajki vo predvid deka todorovik beshe gradonacalnik,no toa treba drug da go utvdi.a site tie matematiki TREBA zernovski detalno da gi ANALIZIRA.da nema NIKAKOV kompromis.taka velam,bidejko vo pred izbornata KAMPANJA proektot,sk2014 beshe dosta pati napomenuvam kako peralnica za pari.taka da ako izleguvame so takvi stavovi treba i do kraj da gi terame.da ne se POVTORUVA dosegashnata praksa;da politicarite ne si zameruvaat eden so drug.bez razlika koj od koja partija e.primer,od osamostojuvanjeto do sega nema ni eden patenik osuden.a kakvi SE malverzacii imashe.ili ke bideme drzava ili ne.kriminal zaradi 100 den,e kriminal.za SITE isto.bez BONUSI.da ne se tera i ponatamu-ne mozat po magareto,udarat po samarot(narodot).shto se odnesuva do site tie preskapi spomenici,znaeme kako reagiraat stranskite turisti.*cudo nevideno*.zbir na balkanski istoriski fragmenti.MK avtenticnost-ja nema.pari vo nepovrat
kojco, 22.04.2013 22:09:09
ZATVOR za Ganka Samoilova, Vladimir Todorovic i za Gruevski najmalku po 40 godini, za da se zadovoli pravdata. SRAMOTA
vapski, 22.04.2013 22:29:48
207 milioni evra potrosheni od segashnava vlada, moze li nekoj da dade slika i sporedeba kolku pari sekoja vlada od 1944 do denes ima potrosheno vo realna vrednost...
Branislav Nushic, 22.04.2013 22:37:02
Kolku shto jas slushnav od g-djata ministerka, 207 milioni evra se potrosheni za SK-2014, na i okolu ploshtadot, dodeka ako se zeme prostorot od Vladata do Sobranieto (vkljuchitelno), togaj se 305 miloni evra. Ako samite priznavat deka e tolku, treba barem ushte polovina da se dodade (ako ne i ushte tolku), bidejci sigurno ne se iskreni. A trebashe da koshta 80 milioni evra (nastrana shto i toa beshe premnogu). Za ova se vrshi harakiri, a na nashive oko ne im trepnuva. Ne samo shto ne pomisluvaat barem na ostavka, nego i ne pocrvenat. Ustvari, tie se ponosat, namesto da se sramat, zaedno so pogelemiot del od narodot, koj gi uporno brani (a SDSM?) i bira. Pa neka im e alal!
Itar Pejo, 23.04.2013 00:19:53
Ce pocne klopceto da se odmotkuva.
Трпе, 23.04.2013 01:07:15
Одлична перална за пари.Овде им фали уште вистинскиот прлав веш.Заборавиле да ги спомнат и скриените трошоци како и долговите кон стопанствениците (изведувачите )Споменикот на Скендер Бег е 70 илјади евра а нашето министерство има врби од 90 илјади евра и тоа природни.Природно си е природно мора да кошта.Ама кога ке ни навалат туристи,еве уште недовршен проект веќе бројот на туристи бил зголемен за цели 54% ,овој податок министерката не смееше да го сокрие.само не знае дали туристите се домашни или странски.Сега кога на плоштад е ставен и рингишпилот еееее колку мали туристи ке има.Приказни за мали деца.
Чудно, 23.04.2013 01:20:39
Објавувањето на овие податоци ден по загубените избори во општина Центар дава простор за огромно сомневање. Зошто досега не кажуваа ништо иако јавноста долго време бараше да знае колку пари и на што се потрошени? Жално е само што наместо да се вложат сите тие пари во нешто што ќе придонесе за развој на Македонија, тие се дадени за украси низ Скопје и тоа наместа прекубројни. Во исто време патиштата се во очајна состојба, нема нови енергетски објекти, гасификација. Еве еден пример, кој не знае нека отиде да види како изгледа железничката станица во Скопје, колку страшно изгледа. Или просторијата во која се издаваат сините картончиња во Ск. За се постои ред, што е приоритет, што се гради прво, што следно и со кое темпо, особено во време на криза. Од убава идеја добивме ноќна мора. Туку, кога ќе ви стигнат високи сметки, одете и гледајте во спомениците да се смирите малку.
zik, 23.04.2013 01:34:19
kulturnata ministerka da si ja proveri rachunalkata..
Ljubotan Trade Name, 23.04.2013 03:59:28
So 207 milioni EU vo proektot na 2014. Ako zboruvame ,za eden stan e dovolno 100,000 EU, znaci za eden milion 10 stanovi, a za 207 milionie EU pomnozeno so 10 bi trebalo da se izgradat 2070 super stanovi -edna nova varosica so 2070 stanovi so % 5 ziteli po eden stan =10,000 ziteli.! Prasanje e koj gi goltna ovie pari i koj e dolznik????
gornofiromec od chicago, 23.04.2013 06:25:58
Narode nemojte da se sekirate vasite vnucinja nema da gi vrakaat ovie pari zato sto tie nema ni da ziveat vo MK,za nekolku godini ke ostanat samo penzionerite I spomenicite...
kole, 23.04.2013 07:13:36
Ако нешто не им верувам на ВМРОвчињава, тоа се сметките...........лажат како Минхауѕени..........
jimmy1, 23.04.2013 07:18:03
Ova e izbrzan i falsifikuvan otcet. Prvo zosto treba vladata da dava otcet za opstina Centar, a drugo dosega nikoj ne sakase da spomne kolku pari se potroseni za spomenicite, mostovite i barojnite fasadi, a sega odednas so otcet i toa od loj od ministterkata za kultura. Kako sto izjavi zernovski pred glasanjeto deka vikendod pred glasanjeto nekoi ministerstva rabotele za vikendot po se izgleda da se sokrijat ili unistat nekoi valkani dokumenti povrzani so opstina Centar. Zernovski isto rece: Imam prijateli privatni biznismeni koi imale nekoj tender so opstina Centar i imale dobieno naredbi za da gi unistat dokumentite. Posle pobedata na Zernovski vo prviot krug bile iznesuvani opstinski dokumenti od opstina Centar. Tuka se krijat mnogu raboti i treba da se otkijat site krazbi i sekoj da si go dobie zasluzenoto. Jas mislam ako privatnite biznismeni e unistat dokumentacijata za tenderite so opstina Centar, posle toa ke navali inspekcija i ke gi kaznat za nezakonsko rabotenje i klucot.
Pejo Glupaviot, 23.04.2013 07:48:47
Dali vo turistite se presmetani i turistite od Pustec? Za niv barem nema dvoumenje: da ne bese proektot Skopje 2014 nemase da dojdat. Od druga strana site sto si otisle od zemjava i dobile stranski drzavjanstva, koga doagaat da si ja posetat familijata se turisti. A i onie so bugarski pasosi koga ja pominuvaat granicata.
Stevo, 23.04.2013 09:11:32
fala im sto samite se sobraa na edno mesto. Ova e prvata trojka kandidati za apsaaaana. Posle ne 2 tuku 20 saat moze da objasnuvaat kaj istrazen sudija. Vese Donevski e najgolemiot kriminalec vo senka za Todorovik se e jasno, a kutrata Beti, kako proteze na kumot vleze vo ovaa valkanica, dooooobro se opari, si gi napolni sifonjerite so nakit, konduri i kostimcinja na nasa smetka, ama seto toa moze vo Sutka da si go nosi. Ke dade gospod i toa ke go doziveeme
Ce izleli rabusot na videlina, 23.04.2013 09:17:22
Dali ova ne pravat ludaci? Pa taa peralnica na pari ispra najmalku preku 500 miliona evra. Od koga ministerka dava otceti za rabotenje na g5adonacalnik. I Todorovic i Kancevska , a ako ima pravda i Stavreski i Grujo ce davaat otcet ama pred sud.Eve sega ne ce mozat onaa ludnica da ja pravat vo Centar. Zernovki gui z..... Mozat da prodlzat vo Sutka na teritorija na Amdi Bajram bidejci i toj kako niv e sklon kon kriminal. Neka zidaat tamu barokni zgradi so polski klozeti i neka redat spomenici ., Rezil , rezil se. Posle ni bil kriv izvestajot od State departmentot na SAD . Prv pat SAD jasno ni kaza kakva drzava sme nie, a oni nasi t.n. rakovoditeli se razletani kako jato spoulaveni ptici niz svetopt.Glaven funkcioner vo vladata sto e vo zemjata sega e Taklat Dzaferi
Miki, 23.04.2013 09:25:13
Чудно од овие што даваа отчет да прокоментираат дека тие што биле пред нив ништо не направиле и да ги прашаат каде се парите. Па нека проверат каде се парите тие се дел од власта. Јас не видов никој од претходните да одговара за злоупотреба на пари или такво нешто. Пардон има некоја ситна боранија а крупните риби ги апсат па ги ослободуваат. Затоа господо не прашувајте туку проверете
JOVANKA, 23.04.2013 09:26:37
Ako ne mu dozvolat na Zernovski i ovaa nedela da sedne na gradonacalnickata fotelja, narednata nedela ke izlezat so drugi podatoci, demek bile greska, potrosile 80milioni evra, ha,ha. ovie stvarno mislat deka vo Makedonija site , osven niv se nepismeni.
sonja, 23.04.2013 10:23:28
a be kogo lazete zarem mislite deka sme tolku naivni. Kako moze tolku da ste bez sram i perde
сузе до мира, 23.04.2013 10:40:08
МИРА,зарем навистина мислиш дека потрошените пари се готовина?Не,тоа се милиони евра кредити кои треба да ги враќаат нашите поколенија!А тоа значи дека и тие пари ги нема,исто како и оние на СДСМ.Допрва народот ќе се оптовари со разно разни давачки за да се враќаат парите.
Oskar, 23.04.2013 10:58:57
Posle dolgi godini cekanje i insistiranje na otcet za potrosenite narodni pari za proektot Skopje 2014, konecno stigna. Otcetot e necelosen a obrazlozenieto za negovata opravdanost, karjno nerealno i finansiski neopravdano, kako sto toa bese dosega mnogupati komentirano. Nezanam zasto vo ovoj otcet ne se opfateni site objekti kako administrativni zgradi koi se gradat ili se zavrseni: ministerstvo za Pravda, zemjodelie, gradeznistvo, vodovod, administracijata nasproti h. Turist i nasproti min. za nadvoresni raboti, gradsko sobranie, dvata pesacki mosta, plostadot Karpusovo vostanie, gradskiot stadion, mnogute barokni fasadi, onoj nesreken vidikovec na plostadot koj nekoristi za nisto, najnoviot *biser* vrteleskata, ogradi na mostovi, novi spomenici, plazi. Krajnata suma veruvam ke dostigne do 500 milioni evra. Povratni sredstva nula.
pero, 23.04.2013 11:21:04
за концертната сала на Македонската филхармонија се исплатени 5.150.916 евра“, a uste kolku ke se isplatat doprva ne spomna? nakaj 30 miloni da ne stigne slucajno? isplateni se 208 milioni a doprva uste kollku ke se isplatat ke se pravime naudreni
Од мене од Охрид, 23.04.2013 11:35:47
А бре овије биле на скроз избегани кого лажат прво ги изнесоа документација од центар дури се прегласуваше затоа се гласаше 3 пати дури се да исчиста па потоа ко бајаги ке дадеме очет. Какви маскоти се бре овија каде е мексиканецот дојчланецот феликс и останати останаа без коментар ... Каква брука Македонска од вакви накази кои ја водат Македонија .
JAS, 23.04.2013 11:54:04
I nie treba da im veruvame posle site nivni lagi???? Revizija i krivicna odgovornost za site zloupotrebi sto pobrgu
marjan, 23.04.2013 11:54:38
citam komentari, i se cudam na gluposta i omrazata. najlesno vo zivot e da plukas. probaj da izgradis nesto. procitav, trebalo da bide 80mil. da, po budzetna godina. ne iskrivuvajte. najdete mi link kade vladata izjavila deka ke e 80mil. lazgovci. drugo, zasto sega otcet? pa vmro izgubija vo centar, i todorovic si dade otcet. super. se prasuvam nekoj drug poranesen sdsm gradonacalnik dali toa go ima napraveno. zasto vladata i centar zaedno davaat otcet? zatoa sto e zaednicki proekt! aaaa! aman veke od plukaci! da, se slozuvam, branitelite, samoil, cento i justinijan se visok spomenici, i mozebi eden den i ke se premestat. ama na smetka za niv da se pluka po ovaa ubavina sto generalno ni stana glavnoto centralno gradsko podracje? ve molam. da ne zboram sto site bea domasni firmi, domasni rabotnici i toa ne izvlece od krizata. a to sto ispraa nekoj dinar? PA STO! ni 0.01% od toa sto se ispra za tranzicijata. vrbi, spomenici, bla bla...SUPER! BRAVO!
Taka e, 23.04.2013 12:30:30
Srbite imaat edna pogovorka koja glasi:Ko je lud, nek veruje
od bitolcanka, 23.04.2013 12:50:46
ministerkata za nekyltyra zaboravi da kazi kolky kosta palmite a nevidov niti za cento da ne i go dade nekoj poklon skrise beti ne lazise sama ako ti so tajkyno todorovic sve nepismeni lazgovci nemisli deka nekoj vi veryva
Ivo - zitel na centar, 23.04.2013 13:35:21
Da be, 207 milioni. Uste ke recat i eftino e platen Skopje 2014. Mnogu stavki nedostasuvaat vo izvestajot. A da ne e cetiri pati poveke, toa ima poveke logika, soglasno zemenite pari (stotici milioni so naziv za budzetski potrebi) na krediti vo ovie 3 godini. Toa e isto kako da gradam zgrada, no dolgovite za gradezni materijali od firmi ne se vlezeni, transport, luge, honorari, parcelata ne se racuna i slicno. Kukata prikazuvam deka cini 15.000 evra a realno e 60.000 evra. Prikazni za mali deca
LIC, 23.04.2013 14:50:57
Sto lazat-lazat i toa bez sram i perde.Ama i kako se lezerni-samo 207 milioni.A za stranska investicija od 10 milioni i toa -ako bide- ce udrat fanfari i ce ne ubeduvaat deka se toa mnogu golemi pari?
jas, 23.04.2013 14:53:46
Za otcetot za potrosenite pari okolu sk-2014 e najbitno sto tie pari ne se zaraboteni,tuku se krediti koi treba da se vrakaat.Objektite se gradat vo zona koja Kenzo Tange ja potencira kako negradezna.Site objekti nema da nosat pari,tuku i ponatamu ke trosat (za odrzuvanje,osvetluvanje i tn.),a i pretstavuvaat arhitektonski i umetnicki kvazi objekti.Da se napravese nov Klinicki centar ili drugi objekti od opsta polza - jas ke gi poddrzev, no ova e megalomanija i zabeguvanje na nekoj koj nema gaki a kupuva svilena kosula. Samata cena e diskutabilna - mi velea 80 , a ne 207 milioni evra,pa se prasuvam sto ke pravime ako se poveke ili mnogu poveke. Sobirame dobrovolni prilozi za Urgenten centar na Detska klinika,a mi veli eden stranec deka toa e golema sramota.Veli :gledam i se cudam kade sum - vo Afrika ili vo Diznilend,a jas mu velam deka mnogu raboti se isprevrteni.Veli :Vratete gi na noze.A jas : Nema kriticna masa, nemame hrabrost.Site sme kako plastelin.Se sramam sam od sebe.
od diasporata, 23.04.2013 16:41:13
Dlaboko sum ubeden deka samo karuzelot ke napravi poveke profit od bilo koj spomenik. Bez zaebancija. Neka stoi tamu permanentno. 8 decinja po 40 den. =320 denari na edna tura. Po 10 casa rabota = 3200 den. ili 50 Evra. Po 350 denovi =17.500 Evra. Trosok minimalen. A ne deka spomenicite ke donesele turisti pa ke se pokriele tie troskovi. Toa se frleni 400 milioni Evra vo nepovrat i ne postoi apsolutno niedna ekonomska logika da se povratrat tie pari. Ta uste i ke imaat troskovi. Za 2-3 godini ke pocnat da se raspagjat. Ne e samo da go napravis, treba i da go odrzuvas. Leleeee. kade vi e krajot....ludaci.
Bulgaria, 23.04.2013 19:23:23
Za malko poveke /za 250 miliona EUR/ nie vo Bugaria napravihme 140 km autoban.
vera, 23.04.2013 22:58:15
sekoj komentar e bezpredmeten,Srbite velat ko sad ne poludi ,taj nije normalan.!!
G.A., 23.04.2013 23:37:31
Bravo za noviot gradonacalnik na centar narodot e zad tebe i sakat da znat za tie pari imas potpolna podrska samo napred samo taka moze mk da gi otkrije azderite i lopovite i po zakon neka se sudat .Pazete vo proektot skopje 2014 se koristeni i parite na socialcite koi trebale da dobijat i po golemi sumi i tie pari koi se dobiva od eu za socialcite a tie gi zlo upotrebuvale tie pari na jadnite socialci koi edvaj go cekale taa pomos za jadenje i plus im bile odzemeni i po 3-4 meseci so vlecenjeto so tie molbi za pomos a koj gi prasal jadnite sto jadele tie meseci dodeka cekale da im se resi statusot za pomos ili socialno a vlada za 4 meseci bile akrobati na krazba.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 6°C

Ведро

Среда
Делумно облачно
Макс: 26°C, Мин: 9°C

Четврток
Сончево
Макс: 27°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
Бомбашите од Бостон планирале и други напади
Републиканците побараа одговори на прашањето дали ФБИ потфрлилo во истрагата за радикалните исламисти...
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |