21.04.2013, 22:17 МОСТ: Гласачи од други општини
Граѓанската асоцијација Мост, која го набљудува прегласувањето на локалните избори 2013 со 130 набљудувачи соопшти дека нивните претставници до 18 часот забележале реакции на партиски набљудувачи во општина Центар, за појава на гласачи за кои постои сомневање дека не живеат во општината, а поседуваат важечки биометриски документи и се запишани во Избирачкиот список.
Оваа појава, како што наведуваат, е забележана на дел од избирачките места во ОУ "Коле Неделковски", ДСУ за рехабилитација и образование "Св. Наум Охридск", ОУ "Јохан Хајнрих Песталоци", Фудбалски Сојуз на Македонија на улицата "8-ма Ударна бригада" како и Дом на градежници, каде, исто така посочуваат, е забележано зголемено присуство на полицијата, гужва и напната атмосфера во и пред избирачките места.
Во општина Долнени биле забележани случаи на семејно гласање, и тоа на избирачкото место 1472 - 12 случаи, на 1473 - 10 случаи, и на местото 1476 се забележани 15 случаи. (П.Р)
|