21.04.2013, 13:55 ДИК: Одѕивот до 10 часот изнесува 10,89 отсто
Вкупниот одѕив на гласање до 10 часот на 78 избирачки места во четири општини каде што денеска се прегласува вториот круг локални избори е 10,89 отсто, информираше Државната изборна комисија.
Во општина Центар на гласање излегле 10,14, во Струга 7,09, во Долнени 13,35 и во Ѓорче Петров 9,55 отсто.
Во Долнени на 39 избирачки места може да гласаат 10.521 лице, во Центар се гласа на 29 места од вкупно 66, и право на глас имаат 22.939 гласачи, во Струга на девет избирачки места со 7.885 граѓани и на едно избирачко место во општина Ѓорче Петров со 1.320 гласачи.
|