21.04.2013, 20:38 ДПА објави победа на Села во Струга
Демократската партија на Албанците вечерва во Струга прогласи победа на нивниот кандидат за градоначалник Зијадин Села на повтореното гласање што се одржа денеска на девет избирачки места во општината.
- На овие локални избори за кандидатот Зијадин Села гласаа 20.728 граѓани со право на глас, а за Кочоски 14.676 или разликата е 6.072 гласови предност за Села, изјави портпаролот на струшкиот разгранок на ДПА Албрим Хоџа.
Прославата на ДПА во Струга за освоената доверба на локалните избори ќе се одржи вечерва во струшкото село Подгорци, каде, како што вели Хоџа, веќе заминале идниот градоначалник Села заедно со лидерот на партијата Мендух Тачи.
|