18.04.2013, 14:43 Роман Абрамович доби ќерка со Даша Жукова
Малечката Лилу е седмо дете на богатиот Русин, а се родила во Њујорк
Роман Абрамович (46), познат руски милијардер, го добил второто дете со манекенката Даша Жукова (31) со која веќе го има тригодишниот син Арон. Малечката Лилу е седмо дете на богатиот Русин, а се родила во Њујорк. За девојчето да се роди во Њујорк, нејзиниот татко пред два месеци ја закотвил својата позната суперјахта, вредна 1,5 милијарда долари, за која дневно плаќа по две илјади долари. Лилу, автоматски, добила американско државјанство, бидејќи се родила на тлото на САД, а нејзината мајка Даша (вистинското име и' е Дарија) веќе има американски пасош, бидејќи пораснала во Лос Анџелес. Извор близок на парот вели дека тие двајцата не го планирале раѓа��ето на девојчето во САД поради државјанството, но Даша би сакала детето да го роди во земјата каде што пораснала.
„Бебето можеше да се роди каде било во светот и повторно би имала американско државјанство“, појаснува извор близок на парот.
Абрамович ја запознал ќерката на рускиот олигарх Александар Жуков на новогодишна забава во 2006 година. Врската ја почнале дури откако Роман се развел од втората сопруга Ирина. Роман има пет деца: Аркадиј, Ана, Софија, Арина и Иља, со својата втора жена Ирина, со која беше во брак од 1991 до 2007 година. Најстариот сина на Роман, Аркадиј (19), веќе тргнал по стапките на татко му и го склучил првиот договор за купопродажба на нафта, вреден 30,6 милиони фунти.
|