21.04.2013, 20:45 Ѓоковиќ ја сопре доминацијата на Надал во Монте Карло
Првиот светски тенисер за нешто помалку од два часа игра го совлада Шпанецот со 6:2, 7:6
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е победник на турнирот од Мастерс серијата 1000 во Монте Карло. Тој во финалето за нешто помалку од два часа игра го победи Шпанецот Рафаел Надал со 6:2 и 7:6.
Пред овој турнир првиот светски рекет се жалеше на повреда, но успеа да се рехабилитира и на крај да го освои силниот турнир.
За Надал денешното финале беше деветто последователно во Монте Карло со биланс од 46 победи во низа, но таа серија, како и осумгодишната доминација во Монако ја прекина неговиот голем ривал.
Ѓоковиќ за победата на турнирот освои околу половина милион евра, а Надал како учесник во финалето 246 илјади евра.
|