Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
22.04.2013, 11:47

Перфектни 8-0 за домаќините



Индијана, Мајами, Сан Антонио и Оклахома ја затворија одличната прва рунда на домашните екипи во плеј-офот. Забележаа убедливи победи

Индијана, Мајами, Сан Антонио, и Оклахома ја затворија одличната прва рунда на домашните екипи во плеј-офот. Екипите што во разигрувањето влегоа со предност на домашен терен, максимално ја искористија за водство од 1-0 во серијата. Последната четворка вториот дел од програмата го заврши во голем стил - не дозволи неизвесност, па гостите немаа посебни шанса и причина за оптимизам.

На Истокот Индијана на одличен начин ја отвори серијата против Атланта. Пејсерси забележаа глатка победа од 107:90 покажувајќи далеку поголема енергија и желба. Јунакот на Пејсер��и е Пол Џорџ. Оваа сезона тој игра на многу повисоко ниво, тоа го покажа и во првата плеј-оф средба, запиша трипл-дабл од 23 поени, 11 скока и 12 асистенции и покрај тоа што немаше добар шут од поле (3/13).

„Знаев точно што тимот очекува од мене, јас го сакам тој притисок. Оваа победи има големо значење за нашата самодоверба, ја игравме својата кошарка и токму тоа ни донесе водство. На овој начин игравме во поголем дел од сезоната, најважно беше на противникот да не му дозволиме лесни поени. Навреме успеавме да ја прекинеме серија на Атланта, ова беше клучно за нашата победа“, изјави по мечот Џорџ, покрај него добра игра прикажа Џорџ Хил со 18 поени. На другата страна Џеф Тиг со 21 поен беше најрасположен за игра.

И бранителот на шампионскиот прстен Мајами имаше лесна вечер, со убедливите 110:87 на Милкови му испрати јасна порака - да не се надева на изненадување. Леброн Џејмс одигра еден од ретките натпревари, од поле имаше само 11 обиди и беше многу близу до трипл-дабл. „Кралот“ средбата ја заврши со 27 поени (9/11 за два поени), десет скока и осум асистенции. Реј Ален додаде 20 поени и пет скока, а додека Двејн Вејд застана на 16 поени, пет скока и асистенции.

„Единствено што ме интересира е начинот на кој што треба да дојдеме до победата, воопшто не знам каква е мојата статистика. Знам дека игравме добро во нападот и покрај големиот број на загубени топки“, е краткиот коментар на Џејмс. Во редовите на Бакси Брендон Џенгис со 26 поени и Монте Елијас со 22 поени беа најдобрите кошаркари.

Уште на првата плеј-оф средба Лејкерси покажаа дека без најдобриот играч Коби Брајант тешко ќе може да се провлечат покрај Сан Антонио. Поразот од 91:79 не изгледа толку лошо за „езерџиите“ од она што можеше да се види на теренот. Спарси предводени од Ману Џинобили на кого не му требаше долго време за да се врати во препознатливата форма без проблем го совладаа својот противник. Аргентинецот заедно со Тони Паркер запиша по 18 поени, а еден помалку постигна Тим Данкан.

„Убаво е на теренот повторно да го имате Ману. Погоди големи и важни шутеви, на противникот му правеше многу проблеми и покажа силна желба“, рече Грег Попович.

Оклахома победи и почeсти навивач со 20.000 долари

Во последниот меч на Западната конфренеција Оклахома Сити го прегази Хјустон со 120:91 за водство од 1:0. Кевин Дурант со 24 поени и Расел Вестбрук со 19 поени беа први имиња кај Тандерси.

Овој меч најмногу ќе го памети навивачот Лери Хил кој дома се врати со 20.000 долари. На полувремето 26-годишниот Хил беше избран да шутира од половина терен, погоди и стана третиот фан на Оклахома кој на овој начин успеал да освои богата парична награда.


Статијата е прочитана 492 пати.


Испрати коментар



Металург „пукна“ во вториот дел со Кјељце
Ѓоковиќ нов владетел на Монте Карло
Силекс со „истрага“ за местенка со Тетекс?
Меч за фудбалските гурмани на „Алијанц арена“
Пипан ќе тестира во Турција и во Кина
Куманово четврти, Галил ја одбрани титулата
Еден гол за три бода на Атлетико против Севиља
(ВИДЕО) Ливерпул парично го казни Суарез

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 8°C

Ведро

Вторник
Делумно облачно
Макс: 21°C, Мин: 9°C

Среда
Делумно облачно
Макс: 26°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
Бомбашите од Бостон планирале и други напади
Републиканците побараа одговори на прашањето дали ФБИ потфрлилo во истрагата за радикалните исламисти...
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |