19.04.2013, 17:27 Концерт на полскиот пијанист Славомир Добжански во Битола
Во Битола, во Салата на клавирите во Музејот на Битола, вечерва во 20 часот, концерт ќе одржи реномираниот пијанист од Полска, Славомир Добжански. Концертот се одржува во рамките на 22. издание на фестивалот за класична музика „Интерфест-Битола“, но овој пат како дисперзирана манифестација. Добжански ќе се претстави пред битолската публика со дела од Моцарт, Менделсон, Шопен.
Славомир Добжански дипломира пијано на Музичката академија „Шопен“ во Варшава. Студиите ги продолжил во Конектикат, каде што во 2001 година се стекнал со степенот Доктор на музичката уметност. Денес предава пијано во Државниот универзитет на Канзас, САД, каде што истовремено е и шеф на катедрата за клавишни инструменти. Настапува на концертните сцени во Европа, Јужна Америка, Азија, Северна Америка...
Влезот на концертот е слободен. (Т.И.) |