22 Без сообраќајот кај кружниот тек на „Лазо Трповски“
Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Скопје
19.04.2013, 17:19

Без сообраќај кај кружниот тек на „Лазо Трповски“

Денеска и утре ќе се врши асфалтирање на новоформираниот кружен тек меѓу улиците „Лазо Трповски“ и „Втора македонска бригада“ поради што сообраќајот на оваа раскрсница ќе биде во целосен прекин. Автобусите од јавниот градски превоз на автобуската линија со број „9“ што

сообраќаат кон Топанско Поле ќе се движат преку улицата „Џон Кенеди“ и

„Лазо Трповски“ до супермаркетот „Принц“. Во обратна насока, кон

Центар, автобусите ќе се движат по улиците „Методија Митевски“, „Благоја Паровиќ“ и „Џон Кенеди“ и продолжуваат по својата траса.

Автобусите со број „18А“ ќе се движат по булеварите „Словенија“ и „Македонско-косовска бригада“, потоа по улицата „Џон Кенеди“ и продолжуваат по својата траса, додека автобусите со броевите „19“, „49“ и „81“ ќе сообраќаат по улицата „Босна и Херцеговина“, по крак од улицата „Дижонска“ и продолжуваат по својата траса по „Втора македонска бригада“. (С.Р.)


Статијата е прочитана  пати.


Испрати коментар

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 24°C

Ведро

Недела
Ведро
Макс: 21°C, Мин: 8°C

Понеделник
Претежно облачно
Макс: 22°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Ретровизор | Саботен магазин |